Logo ya YouVersion
Elilingi ya Boluki

Матеј 7

7
ГЛАВА 7
(Зачало 20)
1Не#Сабота втора по Педесетница: Рече Господ: Не судете, за да не бидете судени;
2оти со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.
3Зошто ја гледаш раската во окото на брат ти, а гредата во своето око не ја чувствуваш?
4Или, како ќе му каж еш на брат ти: чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда?
5Лицемере, прво извади ја гредата во твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брат ти.
6Светињата не давајте им ја на кучињата, и не фрлајте си ги бисерите пред свињи, за да не ги изгазат со своите нозе, и кога ќе се свртат, ќе ве раскинат.
7Сакајте#На секој молебен: Рече Господ: Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори;
8зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.
Крај на саботата.
Читај во понеделникот
9Има ли меѓу вас човек, којшто, ако неговиот син му побара леб, да му даде камен,
10и кога посака риба, да му даде змија?
11И така, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот небесен Отец ќе им даде добра на оние што Му бараат?
Крај на понеделникот
(Зачало 21)
12Сѐ#На преподобните отци: Рече Господ: Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие; оти тоа е Законот и Пророците.
13Влезете низ тесната врата; зашто, широки се вратите и широк е патот што водат кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;
14а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот и малцина го наоѓаат.
(Зачало 22)
15Пазете#Вторник од втората седмица по Педесетница: Рече Господ: Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи.
16По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови;
18не може доброто дрво да дава лоши плодови, ниту лошото дрво да дава добри плодови.
19Секое дрво што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган.
20И така, по нивните плодови ќе ги познаете.
(Зачало 23)
21Не#Среда од втората седмица по Педесетница: Рече Господ: Не секој што Ми вели: „Господи, Господи“, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Кој е на небесата.
Крај на вторникот и на преподобните
22Мнозина ќе ми речат во оној ден: „Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име? И зар не изгонувавме бесови во Твое име? И не правевме ли многу чуда во Твое име?“
23И тогаш Јас ќе им кажам: – Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене, вие што правите беззаконие!
Крај на средата
(Зачало 24)
24И така, секој#Сабота трета по Педесетница: Рече Господ: Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе го споредам со благоразумен маж, кој си направил куќа на камен;
25и заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен.
26А секој што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок;
27и заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и паѓањето ѝ беше страшно.
28И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење,
29зашто Он ги поучуваше како Оној што има власт, а не како книжниците.

Currently Selected:

Матеј 7: MK2008

Tya elembo

Share

Copy

None

Olingi kobomba makomi na yo wapi otye elembo na baapareyi na yo nyonso? Kota to mpe Komisa nkombo