БИТИЕ 2
2
Седмиот ден: одмор
1Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. 2И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи. 3И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
Создавање на Адам и Ева
4Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото, 5уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата. 6Но се креваше пареа од земјата, и ја натопуваше почвата на целата земја. 7Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа. 8И Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува. 9Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.
10Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки. 11Името на првата е Фисон, а ја обиколува целата Евилска Земја, во која има злато. 12Златото на таа земја е добро, а има таму и бделиј и ониксов камен. 13Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус. 14Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат.
Дрво за познавање на добро и зло
15Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува. 16Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината, 17но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“
18И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.“ 19Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името. 20Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето. Но за човекот не се најде помош соодветна на него. 21Тогаш Господ, Бог, му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа, и му извади едно од неговите ребра, а местото го исполни со месо. 22Од реброто што го зеде од човекот Господ, Бог, обликува жена и ја доведе при човекот. 23Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!“ 24Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело. 25А обајцата беа голи, човекот и неговата жена, но не се срамуваа.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
БИТИЕ 2: MKB
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.