Битие 48

48
Јаков ги благословува синовите на Јосиф
1 # Ис.Н. 14,4 Потоа му јавија на Јосиф: „Ене, татко ти е болен.“ А тој ги пове­де со себе двајцата синови свои, Мана­сија и Ефрем, (и дојде кај Јаков). 2И го известија Јаков, велејќи му: „Ете, синот твој Јосиф доаѓа кај тебе.“ А Израил собра сили и седна на постелата своја. 3#17,1; 35,6.11-12И му рече Јаков на Јосиф: „Сесилниот мој Бог Ел-Шадај ми се јави во Луз, во земјата Ханан, ме благослови, 4и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘ 5#41,50-52; 1 Лет 5,1-2А сега, двајцата синови твои, Ефрем и Манасија, кои ти се родија во египетската земја, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои, како што ми се Рувим и Симеон. 6Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браќата нивни. 7#35,16-20А кога се враќав од рамнината Арам, ми умре (мајка ти) Рахила во ха­нанската земја, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Еф­рат, сега наречен Витлеем.“ 8А, откога ги виде Израил синовите Јосифови, праша: „Кои се овие?“ 9#Евр 11,21А Јосиф му рече на својот татко: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог овде.“ И рече Јаков: „Доведи ги кај мене, да ги благословам.“ 10#1 Цар 4,15Зашто очите на Израил му беа ослабеле од староста, па не можеше добро да гледа. А кога му ги доведе, ги прегрна и ги бакна. 11#37,35И му рече Израил на Јосиф: „Не се надевав дека ќе го видам лицето твое; но, ете, Бог ми ги покажа и твоите деца.“ 12Тогаш Јосиф ги истави од колената негови и се поклони со лицето доземи. 13Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрем во својата десна рака, спроти левата на Израил, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израил, и ги приближи до него. 14А Израил ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрем, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги стави рацете намерно, макар што Манасија беше првороден. 15#49,22-26; Ез 34,15.23; Пс 22,1; 80,2-3; Јн 10,1-18И го благослови Јосифа, велејќи: „Бог, по чиј пат секогаш одеа пред него татковците мои Авраам и Исак, Бог, Кој ми беше Пастир, откако сум настанал па сѐ до денешен ден, 16#5 Мојс 33,17ангелот, Кој ме избавуваше од се­кое зло, нека ги благослови овие деца; со името мое и името на татковците мои, Авраам и Исак, по нив да се спомнува, и во многубројни мноштва на земјата да се намножат.“ 17А на Јосиф му беше тешко кога ви­де дека татко му својата десна рака ја стави врз главата на Ефрем. Па ја зеде татковата десна рака за да ја премести од главата Ефремова на главата Мана­сиева, 18и му рече Јосиф на татко си: „Не така, татко, зашто оној е првенец; стави ја својата десна рака врз неговата глава.“ 19#25,23Но таткото негов не сакаше, туку рече: „Знам, синко, знам, и од него ќе излезе народ, и тој ќе биде голем; но помалиот брат ќе биде поголем од него, и од неговото семе ќе произлезе многуброен народ.“ 20#12,3И ги благослови во оној ден и рече: „Преку вас ќе се благословува Израил и ќе се вели: ‚Бог нека ти направи, како што им направи на Ефрем и на Манасија.‘“ Така го постави Ефрем над Манасија. 21#15,16; 46,4А потоа Израил му рече на Јосиф: „Еве, јас умирам; но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите татковци. 22И јас ти давам еден дел повеќе отколку на браќата твои; она што го зедов од Аморејците, со својот меч и со својот лак.“

ハイライト

シェア

コピー

None

すべてのデバイスで、ハイライト箇所を保存したいですか? サインアップまたはサインインしてください。