Битие 45

45
Јосиф им се открива на своите браќа
1 # Дела 7,13 Тогаш Јосиф, не можејќи повеќе да се воздржи пред оние што стоеја околу него, извика: „Отстранете ги сите од мене.“ И така никој не остана при Јосиф кога им се откри на браќата свои. 2Па заплака силно, така што чуја Египќаните, а се чу и во домот на фа­раонот. 3#50,15И им рече Јосиф на браќата свои: „Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?“ Но браќата не можеа да му одговорат, бидејќи се уплашија пред него. 4#37,28; Пс 104,17Но Јосиф им рече на браќата свои: „Дојдете поблизу до мене!“ И тие прис­тапија; а тој им рече: „Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. 5#50,20; Рим 8,28А сега, пак, не жалостете се, ниту да жалите што ме продадовте ваму, бидеј­ќи Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. 6Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва. 7Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. 8#41,42-43И така, не ме пративте вие ваму, ту­ку Бог, Кој ме постави како татко на фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата египетска земја. 9Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‚Вака вели синот твој Јосиф – Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди кај мене, не одлагај. 10#46,28; 47,1-6; 2 Мојс 8,22; 9,26Ќе живееш во земјата Гошен, ќе бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и ситниот и крупниот твој добиток, и сѐ што е твое. 11А јас ќе се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ќе има уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и сѐ, што е твое.‘ 12И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа дека мојата уста ова ви го зборува. 13Раскажете му на таткото мој за сета моја слава во Египет и за сѐ што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.“ 14Потоа го прегрна братот свој Венијамин и плачеше во прегратката негова. А и Венијамин плачеше за братот свој. 15И ги бакнуваше сите браќа свои и, прегрнувајќи ги, плачеше. Потоа неговите браќа разговараа со него.
Фараонот праќа покана до Јаков да дојде во Египет
16 # Изреки 16,15 Тогаш се слушна во домот на фа­раонот дека пристигнале браќата на Јосиф. И се зарадуваа фараонот и слу­гите негови. 17И му рече фараонот на Јосиф: „Кажи им на браќата твои – еве што ќе направите: ‚Натоварете го добитокот ваш, и вратете се во хананската земја. 18#47,6; Пс 80,16Па земете го таткото ваш и вашите семејства и дојдете кај мене, и ќе ви ја дадам најубавата земја што ја има во Египет, и така вие ќе живеете во изобилие во оваа земја.‘ 19А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш – Вака направете: ‚Земете со себе од египетската земја коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму. 20И немојте да жалите за покуќнината ваша, зашто сѐ што е најубаво во египетската земја, ќе биде ваше.‘“ 21И синовите Израилеви така поста­пија. А Јосиф им даде коли, по наредба на фараонот; им даде и храна за по пат. 22#4 Цар 5,5И на сите им даде облека за преоблекување, а на Венијамин му даде триста сребреници и пет нови облеки. 23#43,11А и на татко си му испрати десет магариња, натоварени со најубави рабо­ти, што имаше во Египет, и десет магарици, натоварени со жито и храна на татко му за по пат. 24Тогаш ги испрати браќата свои, и тие тргнаа; а им порача: „Немојте да се карате по патот!“ 25И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата хананска кај Јаков, нивниот татко. 26#Пс 125,1; Јов 9,16; Лк 24,11И му раскажаа сѐ, велејќи: „Јосиф е жив, и тој е господар над целата египетска земја!“ А неговото срце се вознемири, зашто не им веруваше. 27Но, кога му раскажаа за сѐ, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јо­сиф, за да го земат, тогаш живна духот на Јаков, нивниот татко. 28#46,30И рече Израил: „Доволно е што уште е жив синот мој Јосиф; ќе појдам да го видам, пред да умрам.“

ハイライト

シェア

コピー

None

すべてのデバイスで、ハイライト箇所を保存したいですか? サインアップまたはサインインしてください。