Лука 17

17
За соблазната
(Мт 18,6-7.21-22; Мк 9,42)
1 # Мт 5,29; 1 Кор 8,12 Исус, пак, им рече на Своите ученици: „Не е можно соблазните да не дојдат, но тешко на оној преку кого доаѓаат; 2за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие мали. 3#3 Мојс 19,17; Мт 18,15; Гал 6,1Внимавајте на себе. Ако се огреши твојот брат кон тебе, укори го и, ако се покае, прости му. 4И ако седумпати на ден се огреши кон тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ’Се каам‘ – прости му.“
Моќта на верата
(Мт 17,20)
5 # 6,13; Мк 9,24 И апостолите Му рекоа на Господ: „Засили ни ја верата!“ 6#Мт 13,32; 17,20; 21,21; Мк 4,31; 11,23; 1 Кор 13,2А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ’Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.
Должноста на слугата
7Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал ов­ци, веднаш ќе му рече: ’Дојди и седни на трпеза!‘ 8#Јн 13,3-5Нема ли да му каже: ’Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме до­дека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘ 9#Јов 22,3; 35,7Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не. 10#Мт 25,30Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ’Ние сме бесполезни слуги, зашто го извр­шивме она што бевме должни да го из­вршиме.‘“
Исус лекува десетмина лепрозни
11 # 9,51; 13,22; 19,28; Мк 9,30; Јн 4,4 А кога одеше за Ерусалим, Тој по­минуваше меѓу Самарија и Галилеја. 12#3 Мојс 13,45-46; Мт 8,2 И влегувајќи во едно село, Го сретнаа десет лепрозни луѓе, кои застанаа по­да­леку, 13#Мт 9,27; 15,22и со силен глас повикаа: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ 14#5,14; 3 Мојс 14,2-32Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. 15#2,20А еден од нив, кога виде дека е из­ле­куван, се врати и гласно Го прослави Бога; 16#9,52-53и падна ничкум пред Неговите нозе, благодарејќи Му. А тој беше Самар­ја­нин. 17Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се дру­ги­те девет? 18Зар не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“ 19#7,50; 8,48; 18,42; Мк 10,52И му рече: „Стани, оди си! Твојата ве­ра те спаси!“
За доаѓањето на царството Божјо
(Мт 24,23-28.37-41)
20 # 9,11; Мт 3,2; 4,17; 6,10; Дела 1,6 Запрашан од фарисеите кога ќе дојде царството Божјо, Тој им одговори: „царството Божјо не доаѓа забележ­ливо, 21#17,23; Мт 24,23ниту, пак, ќе се каже: ’Еве, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. Зашто цар­ство­то Божјо е внатре во вас.“ 22#Амос 5,18; Мт 8,20; Мт 9,15; 1 Кор 1,8И им рече на учениците: „Ќе дојдат денови кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите: 23#19,11; 21,8-9; Мт 24,23-27; Мк 13,21и ќе ви речат: ’Еве Го, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. – Но, не одете таму и не следете ги! 24#Откр 1,7Зашто, молњата, кога ќе блесне, го освет­лува она што е под небото од едниот до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки во Неговиот ден. 25#18,32; Мт 16,21; Мк 8,31Но, најпрво Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од ова поколение. 26#1 Мојс 6,5-12Како што беше во Ноевите денови, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: 27#1 Мојс 7,6-23јадеа, пиеја, се женеа, се ма­жеа, сѐ до денот кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. 28#1 Мојс 18,20-21; 19,1-29; 2 Птр 2,5 Исто така, како што беше и во деновите на Ло­т: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; 29#1 Мојс 19,24; 2 Птр 2,7но во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите; 30така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки. 31#21,21; 1 Мојс 19,17; Ер 4,6; 48,6; 49,8.30; 51,6; Мт 24,17-18; Мк 13,15-16Во тој ден, кој е на покрив, а по­куќ­нината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а така и оној што е в поле, да не се враќа назад. 32#1 Мојс 19,26Сетете се на Лотовата жена. 33#9,24; Мт 10,39; 16,25; Мк 8,35; Јн 12,25Ако некој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а ако некој сака да го загуби, ќе го запази. 34#Мт 24,40-41Ви велам: во таа ноќ двајца ќе бидат на една постела: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 35две жени ќе мелат заедно: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.“ 36„Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен.“ 37#Ис 18,6; 34,15-16; Ер 7,33; 15,3; Ез 39,17; Јов 39,30; Мт 24,28И, одговарајќи Му, Го прашаа: „Ка­де, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е трупот, таму ќе се соберат и орлите.“

נבחרו כעת:

Лука 17: MAK2023

הדגשה

שתף

העתק

None

רוצים לשמור את ההדגשות שלכם בכל המכשירים שלכם? הירשמו או היכנסו

תכניות קריאה חינמיות בנושא Лука 17

YouVersion משתמש בקובצי Cookie כדי להתאים אישית את החוויה שלך. על ידי שימוש באתר שלנו, אתה מקבל את השימוש שלנו בעוגיות כמתואר ב מדיניות הפרטיות שלנו