И тие, откако се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, велејќи: „Кажете: ’Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘ и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“ А тие ги зедоа парите и направија како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.