Матеј 11
11
1 #
7,28
И, кога ги заврши овие заповеди кон Своите дванаесет ученици, Исус замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.
Пратеници од Јован Крстител
(Лк 7,18-35)
2 #
3,1
А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца од своите ученици, 3#3,11; 5 Мојс 18,15 да Го прашаат велејќи Му: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ 4Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: 5#8,3; Ис 26,19; 29,18; 35,5; 35,6; 42,7.18; 61,1; Лк 4,18слепи прогледуваат и куци проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда благовестието. 6#13,57; Јн 6,61И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“ 7#3,1.5-6А кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? 8Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се. 9#14,5; 16,14Па што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! 10#2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2; Лк 1,76; 7,27; Јн 3,28Зашто тој е оној за кого е напишано:
’Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред Твоето лице,
кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.‘
11Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител, но најмалиот во царството небесно е поголем од него! 12#Лк 16,16А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно со напор се освојува и силните го грабаат, 13зашто сите пророци и Законот пророкувале до Јован. 14#17,3.10-13; Мал 3,23И, ако сакате да прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде. 15#5 Мојс 29,4; Ис 32,3; Пс 114,6; Лк 8,8; Откр 2,7Кој има уши да слуша, нека чуе!“ 16„А со кого да го споредам ова поколение? Тоа личи на деца што седат по пазариштата, па им довикуваат на своите другари 17и велат:
’Ви свиревме и не игравте;
ви тажевме и не плачевте.‘
18 #
3,4; 9,10-11; Лк 1,15 Зашто дојде Јован, кој не јаде ниту пие, а тие велат: ’Демон има во него.‘ 19#8,20; 9,11.14; Лк 15,1-2Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, и велат: ’Еве човек јадач и винопиец, пријател на даночниците и грешниците.‘ Но мудроста се оправда преку своите чеда.“
Грешни градови
(Лк 10,13-15)
20 #
13,58; Дан 9,13; Јн 15,24 Тогаш Исус почна да ги укорува градовите во кои се случија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. 21#15,21; Ис 23,1-8; Ез 26; Мк 8,22; Лк 6,17 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон се беа случиле чудата, што се случија кај вас, тие одамна би се покајале во вреќа и пепел; 22но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! 23#Ис 14,13.15И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до адот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа случиле чудата што се случија во тебе, тој и до денес ќе останеше. 24#10,15; Лк 10,12Но ви велам дека на Содомската земја ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“
Исусовиот повик
(Лк 10,21-22)
25 #
10,42; 13,11; Дан 2,3-13.18-19; Јн 7,48-49; 1 Кор 1,17-29 Во тоа време, Исус рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата! 26Да, Оче, зашто таква беше Твојата волја. 27#4,3; 16,17; 21,37; 24,36; 28,18; Мудр 2,13; Мк 14,36; Лк 2,49; Јн 1,18; 3,35; 10,15; 20,17; Рим 8,14-17.29; Фил 2,9Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој, освен Синот и оној кому Синот сака да му Го открие. 28#Ер 31,25; Пс 33,18; Сир 24,19; 51,23-30Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. 29#5,5; Ер 6,16; Изреки 3,17; Дела 15,10; Гал 5,1; Јк 1,21Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој за вашите души. 30#Сир 6,23-31; 51,26-27; 1 Јн 5,3Зашто Мојот јарем е благ и Моето бреме е лесно.“
Tällä hetkellä valittuna:
Матеј 11: MAK2023
Korostus
Jaa
Kopioi
Haluatko, että korostuksesi tallennetaan kaikille laitteillesi? Rekisteröidy tai kirjaudu sisään
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023