1
Матеј 5:15-16
Нов превод на Новиот Завет 2023
Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на светилник, и им свети на сите во домот. Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!
مقایسه
Матеј 5:15-16 را جستجو کنید
2
Матеј 5:14
Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина.
Матеј 5:14 را جستجو کنید
3
Матеј 5:8
Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Матеј 5:8 را جستجو کنید
4
Матеј 5:6
Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
Матеј 5:6 را جستجو کنید
5
Матеј 5:44
А јас ви велам: љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат
Матеј 5:44 را جستجو کنید
6
Матеј 5:3
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
Матеј 5:3 را جستجو کنید
7
Матеј 5:9
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Матеј 5:9 را جستجو کنید
8
Матеј 5:4
Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!
Матеј 5:4 را جستجو کنید
9
Матеј 5:10
Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно!
Матеј 5:10 را جستجو کنید
10
Матеј 5:7
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Матеј 5:7 را جستجو کنید
11
Матеј 5:11-12
Блажени сте кога ќе ве срамат и прогонуваат, и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – поради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
Матеј 5:11-12 را جستجو کنید
12
Матеј 5:5
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Матеј 5:5 را جستجو کنید
13
Матеј 5:13
Вие сте солта на земјата. Но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се осоли? Таа веќе не е за ништо, освен за да се фрли надвор и да се изгази од луѓето.
Матеј 5:13 را جستجو کنید
14
Матеј 5:48
И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.
Матеј 5:48 را جستجو کنید
15
Матеј 5:37
Вашиот збор да биде: ’Да, да‘, или ’не, не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од злиот е.
Матеј 5:37 را جستجو کنید
16
Матеј 5:38-39
Сте слушале дека е речено: ’Око за око и заб за заб.‘ А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.
Матеј 5:38-39 را جستجو کنید
17
Матеј 5:29-30
Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро е за тебе да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. И ако твојата десна рака те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
Матеј 5:29-30 را جستجو کنید
خانه
كتاب مقدس
برنامههای مطالعه
ویدیوها