Logo de YouVersion
Icono de búsqueda

Битие 16

16
Раѓањето на Исмаил
1 # 21,9-21; Гал 4,24 Но Сараја, жената на Аврам, не му раѓаше. А имаше таа слугинка Египќанка, по име Агара. 2И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини. 3И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, же­ната Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на ма­жот свој Аврам за жена. 4И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја. 5А Сараја му рече на Аврам: „Навре­дата моја е вина твоја; јас ти ја препуш­тив во прегратки слугинката моја, а таа, откако разбра дека зачна, започна да ме презира. Господ нека суди меѓу мене и тебе!“ 6Тогаш Аврам ѝ рече на Сараја: „Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!“ И Сараја почна да ја угнетува, и таа избега од неа. 7#25,18; 2 Мојс 15,22Но ангел Господов ја најде кај из­ворот во пустината, кај изворот на па­тот за Сур. 8И ѝ рече (ангелот Господов): „Ага­ро, слугинко Сарајина, од каде доаѓаш и каде одиш?“ А таа рече: „Бегам од Са­раја, господарката моја.“ 9#1 Птр 2,18Ангелот Господов пак ѝ рече: „Вра­ти се кај господарката твоја и покори ѝ се!“ 10И ангелот Господов уште рече: „Ќе го умножам многу потомството твое, така што не ќе може да се изброи.“ 11И пак ѝ рече ангелот Господов: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син, и ќе го наречеш со името Исмаил; бидеј­ќи Господ ја чу маката твоја. 12#25,12-18Тој ќе биде силен како диво магаре: раката негова ќе се крева против секого, и сечија рака ќе се крева против него; и ќе живее пред лицето на сите браќа свои.“ 13Тогаш (Агара) Го нарече Господа, Кој ѝ зборуваше: „Ти си Ел-Рои, Бог што гледа сѐ“, зашто рече: „Пред себе Го видов Бога и останав жива!“ 14Заради тоа тој извор се нарече Беер Лахај Рои – „Извор на живиот Кој ме гледа“, а се наоѓа меѓу Кадис и Беред. 15И му роди Агара на Аврам син; и му стави (Аврам) на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил. 16А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаил.

Actualmente seleccionado:

Битие 16: MK2006D

Destacar

Compartir

Copiar

None

¿Quieres tener guardados todos tus destacados en todos tus dispositivos? Regístrate o inicia sesión