YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 8

8
Исус исцелува лепрозен
(Мк 1,40-45; Лк 5,12-16)
1А кога слезе од гората, по Него врвеше многу народ. 2#10,8; 3 Мојс 13–14; Мк 1,40И ете, се приближи еден лепрозен, падна ничкум пред Него и говореше: „Гос­поди, ако сакаш, можеш да ме очис­тиш.“ 3#4 Цар 5,13-14А Исус ја испружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. 4#9,30; 12,16; 17,9; 3 Мојс 14,1-32; Мк 1,34.44; Лк 5,14; 17,14И Исус му рече: „Гледај никому да не кажеш; туку отиди, покажи му се на свеш­теникот и принеси дар, како што за­поведал Мојсеј, за ним да им се посведочи.“
Верата на еден стотник
(Лк 7,1-10; Јн 4,43-54)
5А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник#8,5 стотник т.е. центурион, римски офицер. и Го молеше говорејќи: 6„Господи, мојот слуга лежи дома неподвижен и многу страда.“ 7Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.“ 8#Пс 106,20А стотникот одговори и рече: „Гос­поди, не сум достоен да влезеш под мо­јот покрив; но кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 9зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ’Отиди!‘ и тој оди; на друг: ’Дојди!‘ и тој доаѓа; и на мојот слуга: ’Направи тоа!‘ и тој прави.“ 10#8,1.26; 9,2.22; 15,28; 17,20; 21,21.25.32; 28,17; Мк 1,15; 16,11-14.16; Лк 8,12; 18,8; 24,11; Јн 3,12; Дела 3,16; Рим 1,16Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ниту во Израил не најдов толкава вера. 11#Лк 13,29И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на тр­пеза со Авраам, Исак и Јаков во царството небесно, 12#22,13; 24,51; 25,30; Лк 13,28а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ 13#9,29; 15,28; Јн 4,52-53И Исус му рече на стотникот: „Оди си, и нека ти биде според твојата вера!“ И неговиот слуга оздраве во истиот час.
Исус лекува мнозина
(Мк 1,29-34; Лк 4,38-41)
14 # Јн 4,52; Дела 28,8 Кога Исус дојде во домот на Петар, ја виде Петровата тешта како лежи болна со треска, 15#9,25; Мк 9,27па ја допре за раката и трес­ката ѝ помина; и таа стана и Му служеше. 16#4,24; Мк 1,32.34; 1 Сол 2,13; Евр 4,12А кога се стемни, кај Него доведоа мнозина опседнати од демони, и Тој со збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни, 17#Ис 53,4; Јн 1,29; 1 Птр 2,24за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите немоќи и ги понесе нашите болести.“
Колебливи следбеници
(Лк 9,57-62)
18 # Мк 4,35-36 Кога Исус виде многу народ околу Себе, им заповеда на учениците да минат на другата страна. 19И откако пристапи до Исус еден книжник, Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ 20#9,6; 10,23; 11,19; 12,8.32.40; 16,13.27-28; 17,9.12.22; 20,18.28; 24,27.30.37.39.44; 25,31; 26,2.24.45.64; Ез 2,1; Пс 83,3; Дан 7,13; Мк 2,10.28; Лк 6,22; 19,10; 22,48; Јн 1,51; 3,13-14; 6,53.62; 12,23.34; Дела 7,56; 2 Кор 8,9; Откр 1,13; 14,14А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ 21#4,22; 10,37; 1 Мојс 50,5; 3 Цар 19,20; Тов 4,3Друг, пак, од Неговите ученици, Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ 22#Мк 2,14; Јн 1,43Но Исус му рече: „Врви по мене и остави мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“
Исус смирува бу­ра
(Мк 4,35-41; Лк 8,22-25)
23И кога влезе во коработ, по Него влегоа и Неговите ученици. 24#Јона 1,4И ете, настана голема бу­ра во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. 25Тогаш учениците пријдоа до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ 26#Пс 64,7; 89,10; Мк 1,25; 9,25; Лк 4,39А Тој им рече: „Зошто сте плаш­ливи, маловерни?“ Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина. 27#16,13; Мк 1,27А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
Исус ослободува од демони
(Мк 5,1-20; Лк 8,26-39)
28И кога пристигна на другата страна, во Гергесинската земја, Го сретнаа двај­ца опседнати од демони, кои излегуваа од гробовите. Тие беа толку опасни, што никој не можеше да мине по тој пат. 29#3 Цар 17,18; Мк 1,23-24; Откр 13,6-7И ете, гласно извикаа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ 30А далеку од нив пасеше големо стадо свињи. 31И демоните Го молеа, говорејќи: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да вле­зе­ме во стадоно свињи!“ 32И Тој им рече: „Отидете!“ И тие, откако излегоа, влегоа во стадото свињи. И ете, целото стадо свињи јурна низ стрмнината во морето и се издави во водата. 33А свињарите побегнаа и, кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа што се беше случило со демоноопседнатите. 34#Дела 16,39И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и кога Го видоа, Го замолија да си замине од нивните краишта.

Currently Selected:

Матеј 8: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in