Лука 9
9
Исус ги испраќа дванаесетте апостоли
(Мт 10,5-15; Мк 6,7-13)
1 #
Мт 10,2
Откако ги повика дванаесеттемина, им даде сила и власт над сите демони и да лекуваат болести. 2#Мт 6,10; Мк 1,4Па ги прати да го проповедаат царството Божјо и да ги лекуваат болните. 3#22,35И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ниту стап, ниту торба, ниту леб, ниту сребро ниту по две облеки да имате! 4#10,5-7И во куќата во која ќе влезете, таму останете и оттаму тргнувајте на пат. 5#10,11; Дела 9,43; 13,51; 18,6А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од своите нозе, за сведоштво против нив.“ 6Кога излегоа, тие одеа по селата благовестејќи и лекувајќи насекаде.
Вознемиреноста на Ирод
(Мт 14,1-12; Мк 6,14-29)
7 #
9,19; Мт 3,1; 16,14 Штом четворовласникот Ирод слушна што прави Тој, беше збунет, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите; 8#Мал 3,23; Мк 9,11други, пак, дека се појавил Илија, а некои – дека воскреснал еден од древните пророци. 9#23,8А Ирод рече: „На Јован јас му ја отсеков главата; но Кој е Овој, за Кого што слушам такви нешта?“ И сакаше да Го види.
Исус нахранува пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Мк 6,30-44; Јн 6,1-14)
10 #
6,13; Мт 11,21 А кога апостолите се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде и отиде насамо во пусто место до градот наречен Витсаида. 11Но народот штом разбра – тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување. 12При крајот на денот, пријдоа до Него дванаесеттемина и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди да ноќева и да си најде храна по околните села и колиби; зашто овде сме во пусто место.“ 13#4 Цар 4,42-43; Мт 15,34; Мк 8,5; Јн 6,9Но Тој им рече: „Дајте им вие да јадат!“ Тие одговорија: „Ние немаме повеќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“ 14Зашто имаше околу пет илјади мажи. Но Тој им рече на Своите ученици: „Седнете ги во групи по педесет.“ 15И направија така и ги седнаа сите. 16#22,19; Мт 26,26; Дела 2,42; 27,35А Тој, кога ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде на учениците за да ги стават пред народот. 17#2 Мојс 16,4.12; 4 Цар 4,44; Пс 77,29; Јн 6,12И јадеа и се наситија сите; и кренаа дванаесет кошеви со останати парчиња.
Петар Го признава Исус за Месија
(Мт 16,13-19; Мк 8,27-29)
18 #
3,21; Мк 1,35 Еднаш, кога Исус се молеше насамо, а Неговите ученици беа со Него, Тој ги праша: „Што вели народот, Кој сум Јас?“ 19#9,7-8Тие одговорија и рекоа: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од древните пророци.“ 20#4,41; Мт 4,18; Јн 6,67.69Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар одговори и рече: „Христос Божји.“
Исус ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 16,20-21; Мк 8,30-31)
21 #
Мк 1,44
А Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа, 22#9,44; 18,31-34; Мт 8,20; Мт 17,22; 20,18; Мк 10,32-34велејќи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
Патот на Исусовите следбеници
(Мт 16,24-28; Мк 8,34–9,1)
23 #
14,27; Мт 10,38 А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене! 24#17,33; Мт 10,39; Јн 12,25Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, тој ќе го спаси. 25Зашто, каква му е ползата на човекот, ако го добие целиот свет, а себе самиот се упропасти или си наштети? 26#9,32; 12,9; Мт 8,20; 10,23.33; 2 Тим 2,12; 1 Јн 2,28Бидејќи, кој се срами од Мене и од Моите зборови, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели. 27#Мт 24,34; Јн 21,22; 1 Сол 4,15-18Вистина ви велам: овде стојат некои што не ќе вкусат смрт сѐ додека не го видат царството Божјо.“
Исусовото преображение
(Мт 17,1-8; Мк 9,2-8)
28 #
3,21; 2 Птр 1,16.18 А околу осум дена по овие зборови, ги зеде Петар, Јован и Јаков и се искачи на гората за да се помоли. 29И додека се молеше, изгледот на Неговото лице се промени, а облеката Му стана бела и блескава. 30#5 Мојс 18,15.18; 34,5-6; 4 Цар 2,1.11; Мт 11,14; Дела 1,10И ете, двајца мажи разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија. 31#9,22.51; 2 Мојс 34,29-35; Рим 8,18.21; 1 Кор 15,43; 2 Кор 3,7-11.18; Кол 3,4Па, кога се појавија во слава, тие зборуваа за Неговата смрт, која требаше да се случи во Ерусалим. 32#22,45; Јн 1,14; 2 Птр 1,16А Петар и оние кои беа со него ги беше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи што стоеја со Него. 33И кога се разделуваа од Него, Петар, без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија!“ 34#1,35; 2 Мојс 40,35; 4 Мојс 9,18.22; 10,34Додека го велеше тоа, се појави облак и ги засени; и се исплашија штом влегоа во облакот. 35#5 Мојс 18,15; Ис 42,; 49,7; Пс 2,7; Мт 3,17; Јн 12,28-30; 2 Птр 1,17-18И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!“ 36А откако се чу тој глас, Исус остана сам. И тие премолчаа и во тие денови никому ништо не кажаа за она што го беа виделе.
Оздравувањето на опседнатото момче
(Мт 17,14-18; Мк 9,14-27)
37А следниот ден, додека се симнуваа од гората, Го пресретна многу народ. 38#7,12И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец! 39Духот одненадеж го зграпчува и, ете, тој почнува да вреска. Толку силно го стресува, што тој се запенува и, откако многу ќе го измачи, одвај го пушта. 40Ги помолив Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“ 41#Дела 2,40Исус одговори и рече: „О, неверно и развратно поколение! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го син ти тука!“ 42#7,15И додека тој уште приоѓаше, демонот го кутна и почна да го свива во грч. Но Исус му нареди на нечистиот дух, и го излекува момчето и го предаде на татко му.
Исус повторно ги претскажува Својата смрт и воскресение
(Мт 17,22-23; Мк 9,30-32)
43 #
1,63
И сите беа восхитени од Божјото величие. И додека сите се чудеа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на Своите ученици: 44#18,32; Мт 8,20„Ставете ги во вашите уши овие зборови: ’Синот Човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето.‘“ 45#18,34; Мт 4,13Но тие не ги разбраа овие зборови, зашто беа прикриени од нив, за да не ги сфатат, а се плашеа да Го прашаат за нивното значење.
Кој е најголем
(Мт 18,1-5; Мк 9,33-37)
46 #
22,24
И меѓу нив започна расправа за тоа кој од нив е најголем. 47#6,8А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себе, 48#10,16; 14,11; 22,26; Мт 10,40; Јн 13,20; Гал 4,14па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој е голем.“
Кој не е против вас, тој е со вас!
(Мк 9,38-40)
49 #
Дела 3,16; 19,13 Јован одговарајќи, рече: „Учителе, видовме еден човек кој во Твое име истерува демони, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.“ 50#11,23; Мт 12,30; Мк 9,40Исус му рече: „Не забранувајте му! Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.“
Негостопримливите Самарјани
51 #
9,31; 13,22; 17,11 А кога се приближија деновите на Неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим; 52#10,33-37; 17,16-19; 4 Цар 17,24-41; Мт 10,5; Јн 4,4.9и испрати пред Себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да подготват за Него. 53#Дела 8,25Но таму не Го примија, зашто имаше изглед на патник што оди во Ерусалим. 54#22,8; 2 Цар 1,10.12Кога го видоа тоа Неговите ученици Јаков и Јован, рекоа: „Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?“ 55Но Тој се сврте кон нив, ги укори и рече: „Вие не знаете од каков дух сте, 56зашто Синот Човечки дојде не да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ И отидоа во друго село.
Исусовите следбеници
(Мт 8,19-22)
57А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ 58Исус му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ 59#14,16.33; Мт 4,19На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми!“ 60Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го Божјото царство!“ 61#3 Цар 19,19-21Потоа некој друг Му рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но дозволи ми најнапред да се збогувам со своите домашни.“ 62#Мт 3,2; 6,10; Фил 3,13Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил својата рака на ралото и погледнува назад, не е достоен за царството Божјо.“
Currently Selected:
Лука 9: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023