Лука 18
18
Парабола за вдовицата и судијата
1 #
11,9; Сир 18,22; Рим 12,12; Гал 6,9; Кол 4,2; 1 Сол 5,17; 2 Сол 3,13 Па им кажа и една парабола за тоа како треба постојано да се молат и да не паѓаат со духот. 2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој ниту од Бога се плашеше, ниту од луѓето се срамеше. 3Во истиот град живееше една вдовица, која доаѓаше кај него, велејќи: ’Заштити ме од мојот противник!‘ 4#12,5Но тој долго време не сакаше. Најпосле си рече: ’Иако ниту од Бога се плашам, ниту од луѓето се срамам, 5#11,8сепак, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа повеќе и да не ми додева.‘“ 6Па рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! 7#Сир 35,17.19; Рим 8,33; Кол 3,12; 2 Тим 2,10; 2 Птр 3,9; Откр 6,10-11Зар Бог нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него дење и ноќе; макар и да задоцни? 8#Мт 8,20; Мт 24,10-12; 2 Сол 2,3Ви велам, набргу ќе ги заштити. Но кога ќе дојде Синот Човечки, ќе најде ли вера на земјата?“
Парабола за фарисејот и даночникот
9 #
5,32; 15,7; 16,15; Мт 6,1; 23,28 А на оние што беа уверени за себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10„Двајца луѓе влегоа во храмот за да се помолат, едниот фарисеј, а другиот даночник. 11Фарисејот застана и се молеше во себе вака: ’Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; грабливци, несправедливи, прељубници, или како овој даночник. 12#5,33; 11,42; 1 Мојс 14,20; 28,22; Мт 23,23Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ 13#23,48; Пс 50,2; 77,38А даночникот стоеше оддалеку; не се осмелуваше дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ’Боже, биди милостив кон мене грешниот!‘ 14#Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Ви кажувам дека овој си отиде дома оправдан, а не другиот, зашто секој што себеси се воздигнува, ќе биде понизен, а секој што себеси се понизува, ќе биде воздигнат.“
Исус ги благословува малите деца
(Мт 19,13-15; Мк 10,13-16)
15 #
9,47
Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. 16Но Исус ги повика и им рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не бранете им, зашто на таквите е царството Божјо! 17#10,21; Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам, кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
Богатиот човек
(Мт 19,16-30; Мк 10,17-31)
18 #
10,25
И Го праша еден управител, велејќи: „Добар Учителе, што да направам за да наследам вечен живот?“ 19А Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20#2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9; Јк 2,11 Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги својот татко и својата мајка.“ 21А тој рече: „Сето тоа сум го запазил уште од својата младост.“ 22#5,11; 12,33; Сир 29,11; Мт 6,20; Дела 2,45; Кол 3,1-2Штом го слушна тоа, Исус му рече: „Уште само едно ти недостасува: продај сѐ што имаш, па раздај го на сиромаси и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ 23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. 24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко да влезат во царството Божјо оние што имаат богатство! 25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 26Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 27#1,37; 1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Јов 42,2; Мк 14,36А Тој одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.“ 28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе.“ 29#14,26Тој им рече: „Вистина ви велам, нема ниту еден што оставил куќа, или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, 30#20,34-35; Мт 12,32а да не добил многу повеќе од тоа во ова време, а во идниот свет – и вечен живот.“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 20,17-19; Мк 10,32-34)
31 #
Мт 8,20; Дела 3,18 И кога ги зеде со Себе дванаесеттемина, им рече: „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и ќе се исполни сѐ што е напишано преку пророците за Синот Човечки: 32#9,22.44-45; 17,25дека ќе биде предаден на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го измачуваат и ќе Го плукаат, 33ќе Го камшикуваат и ќе Го убијат и на третиот ден ќе воскресне.“ 34#9,45; Мк 9,32Но тие не разбраа ништо од ова; овие зборови беа сокриени за нив и тие не го сфатија кажаното.
Прогледувањето на слепиот
(Мт 20,29-34; Мк 10,46-52)
35А додека Тој се приближуваше до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и просеше; 36и штом чу дека покрај него минува народ, се распрашуваше: „Што е тоа?“ 37#Мт 2,23; Дела 2,22; 22,8Му кажаа дека минува Исус Назареецот. 38#Мт 1,1; 9,27Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ 39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога тој се приближи, го праша, велејќи: 41„Што сакаш да ти направам?“ А тој рече: „Господи, да прогледам!“ 42#7,50; 17,19Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те спаси.“ 43#2,20; 19,37И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.
Currently Selected:
Лука 18: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023