YouVersion Logo
Search Icon

Лука 14

14
Исус исцелува човек со водена болест во сабота
1 # 6,6; 7,36; 11,37 Една сабота влезе кај еден од фарисејските старешини да јаде леб; и тие Го надгледуваа. 2И ете, пред Него имаше еден чо­век со водена болест. 3#6,9; 7,30; Мк 3,4Исус ги запраша за­кониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“ 4#Мт 8,3А тие молчеа. И откако го допре, го исцели и го пушти да си оди. 5#13,15; 5 Мојс 22,6; Мт 12,11И им одговори и рече: „Кој од вас, ако му падне в бунар син или вол, нема да го извади веднаш, иако е сабота?“ 6#Мт 22,46И не можеа да Му одговорат на тоа.
Кое место да се одбере и кој да биде поканет
7 # 20,46; Мт 23,6 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа па­рабола: 8#Изреки 25,6-7„Кога ќе те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе, 9да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да ти рече: ’От­стапи му го местото!‘ и тогаш засрамен ќе седнеш на последното место. 10Но кога ќе те поканат, оди и седни на последното место, та кога ќе дојде оној што те поканил, да ти каже: ’Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата. 11#16,15; 18,14; Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Зашто, секој што себеси се воздигнува, ќе биде понизен; а тој што себеси се понизува, ќе биде воздигнат.“
Повикај ги сиромашните!
12 # Јк 2,2-4 А и на оној што Го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги своите пријатели, ниту своите бра­ќа, ниту своите роднини ниту бо­гатите соседи, зашто и тие би можеле некогаш да те поканат и да ти биде возвратено. 13#6,20; 14,21; 5 Мојс 14,29Но кога правиш гозба, повикај ги си­ромасите, сакатите, куците и слепите. 14#6,34-35; Јн 5,29И ќе бидеш блажен, зашто тие нема­ат со што да ти возвратат. Затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“
Парабола за големата вечера
(Мт 22,1-10)
15 # Мт 5,3; 8,11; Откр 19,9 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му ре­че: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“ 16А Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мно­зи­на; 17и кога беше време за вечерата, го прати својот слуга да им каже на по­ка­нетите: ’Дојдете, зашто веќе сѐ е под­­готвено!‘ 18И почнаа сите по ред да откажува­ат; првиот му рече: ’Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини!‘ 19Вториот рече: ’Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини!‘ 20#14,26; 5 Мојс 24,5; 1 Кор 7,33Третиот рече: ’Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘ 21#6,20; 14,13Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се разгневи домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ’Излези бргу по плоштадите и градските улици и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!‘ 22И рече слугата: ’Господаре, направив како што ми заповеда и има уште место.‘ 23#24,29; Дела 16,15И господарот му рече на слугата: ’Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги луѓето да дојдат за да ми се наполни куќата!‘ 24Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од Мојата вечера. Зашто мнозина се поканети, но малкумина се избрани.“
Неопходни услови да се стане ученик
(Мт 10,37-38)
25Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: 26#18,29; Јн 12,25„Ако некој дојде кај Мене и не го намрази својот татко и својата мајка, својата жена и своите деца, браќата и сестрите, па дури и својата душа, тој не може да биде Мој ученик. 27#9,23И, кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник. 28Зашто, кој од вас, што сака да соѕида кула, нема најнапред да седне за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја довр­ши? 29Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, 30и да зборуваат: ’Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ 31Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема најнапред да седне за да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што оди против него со дваесет илјади? 32Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир. 33#5,11; 12,33; 18,29-30; Фил 3,7Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“
Неполезна сол
(Мт 5,13; Мк 9,50)
34„Солта е добра, но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се осоли? 35#Мт 11,15; Мк 4,9.23Ниту на земјата ниту на ѓубривото нема да им е погодна; па затоа ја фр­ла­ат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

Currently Selected:

Лука 14: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in