YouVersion Logo
Search Icon

1 Тимотеј 4

4
1Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.
2Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.
3Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.
4Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.
5Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.
6Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.
7Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.
8Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.
9Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.
10Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
11На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.
12Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.
13Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.
14Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.
15Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш.
16Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.

Currently Selected:

1 Тимотеј 4: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy