Λογότυπο YouVersion
Εικονίδιο αναζήτησης

БИТИЕ 3

3
Првиот грев
1Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“ 2Жената ѝ рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. 3Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’“ 4А змијата ѝ рече на жената: „Навистина, не ќе умрете! 5Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.“ 6Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше. 7Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината. 9Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?“ 10Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.“ 11Тогаш му рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?“ 12Човекот рече: „Жената, која Ти ми ја даде со мене, таа ми даде од дрвото, па јадев.“ 13Господ, Бог, ѝ рече на жената: „Што е тоа што го стори?“ „Змијата ме измами, па јадов,“- рече жената. 14Тогаш Господ, Бог, ѝ рече на змијата:
„Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот! 15Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.“
16А на жената ѝ рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.“
17А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! 18Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. 19Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.“
Истерување од Рајот
20Човекот ѝ го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи. 21И Господ, им направи облеки од кожи на човекот и на неговата жена, и ги облече. 22И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!“ 23Затоа Господ, Бог, го испрати надвор од Еденската Градина, за да ја обработува земјата, од која е и земен. 24И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот.

Επιλέχθηκαν προς το παρόν:

БИТИЕ 3: MKB

Επισημάνσεις

Κοινοποίηση

Αντιγραφή

None

Θέλετε να αποθηκεύονται οι επισημάνσεις σας σε όλες τις συσκευές σας; Εγγραφείτε ή συνδεθείτε