Матеј 1
1
ГЛАВА 1
(Зачало 1)
1Книга#Недела пред Рождество Христово – на св. Отци: Книга за родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов.
2Авраам го роди Исаака; Исаак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќа му;
3Јуда ги роди Фареса и Зара од Тамара; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама;
4Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона;
5Салмон го роди Вооза од Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја;
6Јесеј го роди царот Давида, а царот Давид го роди Соломона, од Уриевата жена;
7Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија;
9Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија;
10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија;
11Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќа му – при преселувањето вавилонско.
12А по вавилонското преселување, Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела;
13Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елиакима, а Елиаким го роди Азора;
14Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда;
15Елиуд го роди Елиазара; Елиазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова;
16Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
17И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до вавилонското преселување се четиринаесет родови; и од преселувањето вавилонско до Христа се четиринаесет родови.
(Зачало 2)
18Араѓањето#На утрената на Рождество Христово: А раѓањето Ова и на првиот час спроти Рождество Христово. на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да заживеат, се виде дека зачнала од Светиот Дух.
19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.
20Но, штом помисли така, ете, ангел Господов му се јави насон, велејќи: Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;
21Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси Својот народ од неговите гревови.
22А сето ова стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
23„Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог“.
24Штом се разбуди Јосиф од сон, направи така како што му заповеда ангелот Господов и ја прими жената своја.
25И не се доближи до неа додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.
Крај на неделата, на утрената и на првиот час
Valgt i Øjeblikket:
Матеј 1: MK2008
Markering
Del
Kopiér
Vil du have dine markeringer gemt på tværs af alle dine enheder? Tilmeld dig eller log ind
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008