Марко 15
15
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-26; Лк 23,1-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
1 #
11,27; Лк 22,66 И изутрината, првосвештениците одржаа состанок со старешините и книжниците и целиот Синедрион, па Го врзаа Исус, Го одведоа и му Го предадоа на Пилат. 2#Мт 2,2; 21,5А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“ 3И првосвештениците Го обвинуваа за многу работи. 4А Пилат повторно Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш ли за колку работи Те обвинуваат!?“ 5#14,60-61; Ис 53,7; Лк 23,9; Јн 19,9; Дела 8,32Но Исус повеќе не одговори ништо, така што Пилат се чудеше 6А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого тие ќе побараа. 7#Лк 23,19.25И имаше некој, по име Варава, кој беше окован со своите бунтовници кои при еден бунт извршиле убиство. 8И, викајќи, народот почна да го моли Пилат да им го направи она што секогаш го правеше. 9А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го ослободам Царот на Јудејците?“ 10Зашто знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист. 11#Дела 3,14Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го ослободи Варава. 12А Пилат одговори повторно и им рече: „Тогаш што сакате да направам со Оној Кого Го нарекувате Цар Јудејски?“ 13#Дела 3,13; 13,28Тие одново гласно извикаа: „Распни Го!“ 14#Лк 23,41Пилат им рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ 15#Дела 5,40Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го ослободи Варава, а Исуса Го камшикуваше и Го предаде да биде распнат.
Исусовите понижувања
(Мт 27,27-31; Јн 19,2-3)
16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета, 17#10,34; Пс 21,7; 43,14па Му облекоа пурпурна наметка, и откако сплетоа трнов венец, Му го ставија на главата; 18#Мт 2,2и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 19#Мих 5,1И Го удираа по главата со трска, плукаа на Него и, паѓајќи на колена, Му се поклонуваа. 20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа пурпурната наметка, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
21 #
Рим 16,13
И натераа еден минувач, кој се враќаше од поле, некој Симон Киринеец, таткото на Александар и на Руф, да Му го носи крстот. 22#Јн 19,17; Евр 13,12Па Го доведоа на местото Голгота, што преведено значи: Черепно Место. 23#Пс 68,21; Изреки 31,6И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде. 24#Пс 21,19; Јн 19,24И, штом Го распнаа, ги разделија Неговите алишта, фрлајќи ждрепка за нив, кој што да земе. 25#Мт 27,45А беше третиот#15,25 Околу 9 часот. час кога Го распнаа. 26И беше напишан натпис со Неговата вина: „Царот Јудејски.“ 27#10,37; 14,48А со Него распнаа и двајца разбојници, едниот од десната, а другиот од Неговата лева страна. 28#Ис 53,12; Лк 22,37И се исполни Писанието, кое вели: „И меѓу беззаконици Го ставија.“ 29#14,58; Пс 21,7; 108,25; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 26,61; Јн 2,19; Дела 6,14А минувачите Го хулеа, нишајќи ги своите глави и велеа: „Еее! Ти, што го уриваш храмот и за три дена го соѕидуваш, 30спаси се Себеси и слези од крстот!“ 31Исто така и првосвештениците со книжниците, потсмевајќи се говореа: „Други спасуваше, а Себеси не може да се спаси! 32#Лк 23,39-43; Јн 6,30Христос, Царот Израилев, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да Му поверуваме!“ Го исмејуваа и распнатите со Него.
Исусовата смрт
(Мт 27,45-46; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
33 #
2 Мојс 10,22; Ис 13,10; Амос 8,9 А во шестиот час#15,33 Околу 12 часот. настана темнина по целата земја, до деветтиот час. 34#Пс 21,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика со силен глас, велејќи: „Елои, Елои, Лима савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“ 35#9,11-13; Мт 11,14И некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ 36#15,23; Пс 68,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, го надена на трска па Му даваше да пие, велејќи: „Чекајте да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне.“ 37А Исус испушти силен глас и издивна. 38#2 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. 39#Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек беше Син Божји!“ 40#15,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија, 41кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, а имаше и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
Исусовото погребување
(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
42 #
Мт 27,62
А кога веќе се стемни, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, 43#Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, и се осмели да влезе кај Пилат и го побара Исусовото тело. 44Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; па го повика стотникот, го праша дали одамна умрел. 45Па, штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. 46#Дела 13,29А Јосиф купи платно, го симна телото, го обви во платното и го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен на гробната врата. 47#15,40; 16,1А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
Právě zvoleno:
Марко 15: MAK2023
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023