Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Лука 23

23
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Јн 18,28-38)
1И целото мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат 2#20,20-26; 3 Цар 18,17; Дела 17,7; 24,5и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот и забранува да се дава да­нок на цезарот и вели за себе дека Тој е Христос, Цар.“ 3#22,70; Мт 2,2Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“ 4#23,14.22.41; Дела 3,13; 13,28; Јн 18,38; 19,4.6Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“ 5#4,44Но тие настојуваа велејќи дека Тој го побунува народот, поучувајќи по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја, па до овде.
Исус пред Ирод
6А Пилат, штом чу за Галилеја, зап­раша: „Зар Овој Човек е Галилеец?“ 7#Мт 14,1И кога разбра дека Тој е од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим. 8#9,9; Дела 4,27А Ирод, пак, кога Го виде Исус, многу се зарадува бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него; 9#Јн 19,9и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори. 10А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа. 11#Мк 15,17-20; Јн 19,2-3Ирод, пак, со своите војници, отка­ко Го омаловажи и Го исмеа, Му облече раскошна облека и Го прати назад кај Пилат. 12#Дела 4,27Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто претходно беа во меѓусебно непријателство.
Исус осуден на смрт
(Мт 27,15-26; Мк 15,6-15; Јн 18,39–19,16)
13Тогаш Пилат ги повика првосвештени­ци­те, началниците и народот, 14#23,4; Дела 28,18па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како некој што го бунтува народот; и ете, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина за она за што Го обвинувате; 15а ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; 16па затоа, откако ќе Го казнам, ќе Го ослободам.“ 17А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. 18#Дела 21,36Но тие сите заедно повикаа, гово­рејќи: „Земи Го Овој, а ослободи ни го Варава!“; 19тој беше фрлен в затвор поради некаква буна во градот и убиство. 20#Дела 3,13Пилат одново повика, сакајќи да Го ослободи Исус. 21Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни Го!“ 22#Јн 21,17Тој и по третпат им рече: „Но, какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“ 23Тие, пак, гласно викајќи, настојуваа и бараа Тој да биде распнат; и над­вла­деа нивниот вик и на прво­свеш­тениците. 24И Пилат одлучи да го исполни нивното барање, 25па, како што бараа, го ослободи Варава кој беше во затвор поради бунт и убиство, а Исус Го пре­да­де на нивната волја.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Јн 19,17-27)
26 # 9,23; 14,27; Дела 2,10; 11,20 И кога Го поведоа, фатија некој Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, и му го ставија крстот, за да го носи по Исус. 27#18,13; 23,48; Зах 12,10-14А по Него одеше големо мноштво од народот и жени, кои плачеа и ридаа за Него. 28Но Исус се заврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за сво­ите чеда; 29#11,27; 21,23; Ос 9,14; Мт 5,3зашто, ете, доаѓаат дено­ви кога ќе се рече: ’Блажени се неплод­ни­те и утробите што не родиле и градите што не доеле!‘ 30#Ос 10,8; Откр 6,16Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ’Паднете врз нас‘, и на ри­диштата: ’Покријте нѐ!‘ 31#3,9; 21,20-23; 1 Птр 4,17Зашто, кога ова го прават со суровото дрво, што ќе биде тогаш со су­во­то?“ 32#22,37; Ис 53,12Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. 33#Мк 10,37И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот од десната, а другиот од левата страна. 34#12,10; Ис 53,12; Пс 21,19; Мт 5,44; Јн 19,24; Дела 3,17; 7,60; 1 Кор 2,8А Исус рече: „Оче, прости им, заш­то не знаат што прават!“ И кога ја де­леа Неговата облека, фрлија ждрепка. 35#Ис 49,7; Пс 21,7-8А народот стоеше и гледаше; а и старешините се потсмеваа со Него велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Себеси, ако е Тој Христос, Божјиот избраник!“ 36#Пс 68,21А Му се потсмеваа и војниците, кои приоѓаа, Му принесуваа оцет, 37#Пс 20,7; Мт 2,2и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Себеси!“ 38А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Царот Јудејски.“ 39Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!“ 40А другиот, одговорајќи му, го укори и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога веќе и самиот си осуден? 41#Мк 15,14Ние сме праведно осудени, зашто го примивме заслуженото според на­шите дела; но Тој ништо лошо не на­правил.“ 42#19,12; 1 Мојс 40,14; Мт 16,28И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во Своето царство!“
43 # 1 Мојс 2,8; 1 Сол 4,17; Откр 2,7 А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
Исусовата смрт
(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Јн 19,28-30)
44 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9-10 А беше веќе околу шестиот час и настана темнина по целата земја, до девет­ти­от час; 45#2 Мојс 26,31-33; 36,35; Евр 9,8; 10,19-20и сонцето се помрачи и завесата од храмот се расцепи преку средината. 46#2,49; 22,42; Пс 30,6; Дела 7,59А Исус извика со силен глас и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна. 47#Мудр 2,12-20; 5,1-7; Дела 3,14Стотникот, пак, кога виде што се случи, Го прослави Бога и рече: „Навис­тина Овој Човек бил праведник!“ 48#18,13; 23,27И сиот народ што се беше собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради. 49#8,2; 23,55; 24,10; Пс 37,11; 87,9А сите Негови познати, и жените, кои одеа по Него од Галилеја, стоеја од­да­леку и го гледаа тоа.
Исусовиот погреб
(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Јн 19,38-42)
50Имаше еден човек по име Јосиф, член на Советот, добар и праведен, 51#2,25.38кој не се согласи со нивната одлука и нивното дело. Тој беше од јудејскиот град Ариматеја и самиот го оче­ку­ва­ше царството Божјо. 52Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело; 53#19,30па откако го симна и обви во платно, го по­ложи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. 54#5 Мојс 21,23Тој ден беше петок и веќе настапуваше саботата. 55А жените, кои беа дошле со Исус од Галилеја, го следеа и го видоа гробот и полагањето на Неговото тело, 56#2 Мојс 12,16; 20,10; 5 Мојс 5,14; Мк 16,1па откако се вратија, приготвија ми­риси и миро; а во саботата одмараа спо­ред заповедта.

Právě zvoleno:

Лука 23: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas