Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Лука 20

20
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Мк 11,27-33)
1Во еден од деновите, додека Тој го поучу­ваше народот во храмот и го про­поведаше благовестието, пристапија свештениците и книжниците со ста­решините 2#Јн 2,18; Дела 4,7и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го правиш тоа или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“ 3А Тој им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто и кажете ми: 4#11,16; Мт 3,6; Дела 10,37Јовановото крштевање, од небото беше или од луѓето?“ 5#Мт 21,32А тие размислуваа и си зборуваа меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече: ’зошто не му пове­рувавте?‘ 6#Мт 14,5А ако кажеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“ 7Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“ 8Исус им рече: „Ниту Јас не ви ка­жувам со каква власт го правам ова.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Мк 12,1-12)
9 # Ис 5,1; Мт 25,14 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си за­ми­на на подолго време. 10#2 Лет 36,15-16А кога дојде време, испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го претепаа и го пуштија празен. 11И прати и друг слуга: но тие и него го претепаа и го понижија, па го ис­пратија празен. 12Испрати и трет, а тие и него го повредија и го избркаа. 13#3,22Тогаш господарот на лозјето рече: ’Што да направам? Ќе го испратам мојот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ 14Но лозарите, штом го видоа, раз­мислуваа меѓу себе, велејќи си: ’Овој е наследникот! Ајде да го убиеме, за наследството да биде наше!‘ 15Па го изведоа надвор од лозјето и го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? 16#Дела 13,46; 28,28Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Тоа никако!“ 17#Пс 117,22; Ис 28,16; Дела 4,11; 1 Птр 2,7Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ’Ка­ме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘. 18#Ис 8,14-15Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
За данокот
(Мт 22,15-22; Мк 12,13-17)
19 # 19,47; 22,2; Мт 14,5; Дела 5,26 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола. 20#11,54; 16,15И демнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта на управителот. 21#3 Мојс 19,15; Пс 26,11; 50,15; Дела 9,2; 10,34; Гал 2,6; Јк 2,1И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш на лице, туку вистински поу­чуваш за Божјиот пат. 22#Рим 13,6Дозволено ли ни е да му даваме да­нок на цезарот или не?“ 23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате? 24Покажете ми еден динариј: Чиј лик и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На цезарот.“ 25#23,2; Рим 13,7Па им рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“ 26И не можеа да Го уловат во нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на Неговиот одговор и за­молкнаа.
Прашање за воскресението на мртвите
(Мт 22,23-33; Мк 12,18-27)
27 # Дела 4,1-2; 23,8; 1 Кор 15,12 Тогаш пристапија некои од саду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, 28#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напи­ша: Ако умре нечиј брат, кој имал же­на и умрел бездетен, брат му нека ја земе жената и нека му подигне потомство на својот брат. 29Си беа седум браќа; првиот зеде жена и умре бездетен. 30Жената ја зеде вториот, но и тој умре бездетен. 31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа. 32По сите нив, умре и жената. 33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи се­думтемина ја имаа за жена?“ 34#17,27; Мт 24,38Исус им одговори и рече: „Луѓето во овој свет се женат и мажат; 35#Фил 3,11но оние што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; 36#1 Јн 3,2бидејќи веќе не можат да ум­рат, зашто се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. 37#2 Мојс 3,6; Дела 3,13; Рим 6,10-11А дека мртвите воскреснуваат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков. 38#Дела 17,28; Рим 14,8-9А Бог не е на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи.“ 39#Мк 12,28А некои од книжниците одговорија и ре­коа: „Учителе, добро рече!“ 40#9,45И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.
Месијата и Давид
(Мт 22,41-46; Мк 12,35-37)
41А Тој им рече: „Како, пак, велат де­ка Христос е син на Давид? 42#Пс 109,1; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ’Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, 43додека не ги положам Твоите неприја­те­ли­ како подножје на Твоите нозе!‘ 44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш Тој може да му биде син?“
Исусовиот суд за книжниците
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на Своите ученици: 46#11,43„Пазете се од книжниците што ми­луваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и први места на гозбите, 47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и навидум долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

Právě zvoleno:

Лука 20: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas