Лука 17
17
За соблазната
(Мт 18,6-7.21-22; Мк 9,42)
1 #
Мт 5,29; 1 Кор 8,12 Исус, пак, им рече на Своите ученици: „Не е можно соблазните да не дојдат, но тешко на оној преку кого доаѓаат; 2за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие мали. 3#3 Мојс 19,17; Мт 18,15; Гал 6,1Внимавајте на себе. Ако се огреши твојот брат кон тебе, укори го и, ако се покае, прости му. 4И ако седумпати на ден се огреши кон тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ’Се каам‘ – прости му.“
Моќта на верата
(Мт 17,20)
5 #
6,13; Мк 9,24 И апостолите Му рекоа на Господ: „Засили ни ја верата!“ 6#Мт 13,32; 17,20; 21,21; Мк 4,31; 11,23; 1 Кор 13,2А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ’Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.
Должноста на слугата
7Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал овци, веднаш ќе му рече: ’Дојди и седни на трпеза!‘ 8#Јн 13,3-5Нема ли да му каже: ’Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме додека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘ 9#Јов 22,3; 35,7Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не. 10#Мт 25,30Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ’Ние сме бесполезни слуги, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме.‘“
Исус лекува десетмина лепрозни
11 #
9,51; 13,22; 19,28; Мк 9,30; Јн 4,4 А кога одеше за Ерусалим, Тој поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. 12#3 Мојс 13,45-46; Мт 8,2 И влегувајќи во едно село, Го сретнаа десет лепрозни луѓе, кои застанаа подалеку, 13#Мт 9,27; 15,22и со силен глас повикаа: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ 14#5,14; 3 Мојс 14,2-32Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. 15#2,20А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати и гласно Го прослави Бога; 16#9,52-53и падна ничкум пред Неговите нозе, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. 17Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се другите девет? 18Зар не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“ 19#7,50; 8,48; 18,42; Мк 10,52И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“
За доаѓањето на царството Божјо
(Мт 24,23-28.37-41)
20 #
9,11; Мт 3,2; 4,17; 6,10; Дела 1,6 Запрашан од фарисеите кога ќе дојде царството Божјо, Тој им одговори: „царството Божјо не доаѓа забележливо, 21#17,23; Мт 24,23ниту, пак, ќе се каже: ’Еве, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. Зашто царството Божјо е внатре во вас.“ 22#Амос 5,18; Мт 8,20; Мт 9,15; 1 Кор 1,8И им рече на учениците: „Ќе дојдат денови кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите: 23#19,11; 21,8-9; Мт 24,23-27; Мк 13,21и ќе ви речат: ’Еве Го, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. – Но, не одете таму и не следете ги! 24#Откр 1,7Зашто, молњата, кога ќе блесне, го осветлува она што е под небото од едниот до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки во Неговиот ден. 25#18,32; Мт 16,21; Мк 8,31Но, најпрво Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од ова поколение. 26#1 Мојс 6,5-12Како што беше во Ноевите денови, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: 27#1 Мојс 7,6-23јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до денот кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. 28#1 Мојс 18,20-21; 19,1-29; 2 Птр 2,5 Исто така, како што беше и во деновите на Лот: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; 29#1 Мојс 19,24; 2 Птр 2,7но во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите; 30така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки. 31#21,21; 1 Мојс 19,17; Ер 4,6; 48,6; 49,8.30; 51,6; Мт 24,17-18; Мк 13,15-16Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а така и оној што е в поле, да не се враќа назад. 32#1 Мојс 19,26Сетете се на Лотовата жена. 33#9,24; Мт 10,39; 16,25; Мк 8,35; Јн 12,25Ако некој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а ако некој сака да го загуби, ќе го запази. 34#Мт 24,40-41Ви велам: во таа ноќ двајца ќе бидат на една постела: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 35две жени ќе мелат заедно: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.“ 36„Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен.“ 37#Ис 18,6; 34,15-16; Ер 7,33; 15,3; Ез 39,17; Јов 39,30; Мт 24,28И, одговарајќи Му, Го прашаа: „Каде, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е трупот, таму ќе се соберат и орлите.“
Právě zvoleno:
Лука 17: MAK2023
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023