Јован 4
4
Исусовиот разговор со Самарјанката
1 #
3,22
Кога Господ разбра дека фарисеите слушнале за Него, дека Исус придобива и крштева повеќе ученици отколку Јован, 2иако Самиот Исус не крштеваше, туку Неговите ученици, 3ја напушти Јудеја и отиде во Галилеја. 4#Мт 10,5; Лк 9,52-55; 17,11Но требаше да мине преку Самарија. 5#1 Мојс 33,19; 48,22; Ис.Н. 24,32Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето што му го даде Јаков на својот син Јосиф. 6#5 Мојс 33,28Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот#4,6 Околу 12 часот. час. 7#1 Мојс 24,20; Ис 12,3Дојде една жена од Самарија за да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“ 8А Неговите ученици беа отишле во градот да купат храна. 9#Сир 50,25-26; Лк 10,33Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Којшто си Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. 10#7,37-38; Ер 2,13; 17,13; Зах 14,8; Пс 35,8-9; Откр 21,6; 22,17Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ’Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ 11Жената Му рече: „Господине, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода? 12#8,53; Мт 12,41-42Зар Ти си поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и неговите синови и неговиот добиток!“ 13#Сир 24,21Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, ќе ожедни повторно; 14#6,35; 7,38; Ис 44,3; 58,11; Јоил 2,28; Сир 15,3а оној што ќе пие од водата што ќе му ја дадам Јас, нема да ожедни довека; туку водата што ќе му ја дадам, во него ќе стане воден извор што тече во вечен живот.“ 15#6,34Жената Му рече: „Господине, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да доаѓам овде да црпам!“ 16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“ 17Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа: ’Немам маж‘; 18#Ос 2,5зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; тоа што го рече е вистина.“ 19#7,40Жената Му одговори: „Господине, гледам дека Ти си пророк! 20#5 Мојс 11,29; 12,5-14; Пс 121,1-5; Лк 9,53Нашите татковци се поклонуваа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“ 21#Мал 1,11; Дела 6,14Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ниту во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе Му се поклонувате на Отецот. 22#4 Цар 17,27-41; Ис 2,3; Рим 9,3-4Вие се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. 23#5,25; Сир 35,1-6; Ефес 2,18; 1 Јн 5,6Но доаѓа време, и веќе настапило, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние што Му се поклонуваат. 24#Рим 8,5; 12,1Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“ 25#1,41Жената Му рече: „Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, за сѐ ќе нѐ извести.“ 26#9,37; Мк 14,61-62А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“ 27И тогаш дојдоа Неговите ученици и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ 28А жената ја остави својата стомна и отиде во градот и им рече на луѓето: 29#Мт 12,23„Дојдете, видете Го Човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ 30Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. 31А во меѓувреме, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“ 32#5 Мојс 8,3; Мт 4,4Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ 33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“ 34#5,30А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној што Ме прати и да го извршам Неговото дело. 35#Мт 9,37-38; Мк 4,29; Откр 14,15Не велите ли вие: ’Уште четири месеци, па ќе настане жетва?‘ А Јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите, оти веќе се бели за жетва. 36#Ис 9,3; Пс 125,5-6И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37#Мих 6,15; Јов 31,8; 1 Кор 3,6Зашто во ова се овистинува поговорката: ’Еден сее, а друг жнее.‘ 38#17,18; 20,21; Дела 8,14-17Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“ 39И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“ 40#Лк 9,52; Дела 8,25; 10,48Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена. 41И уште повеќе народ поверува поради Неговото слово; 42#Лк 2,11; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 1 Јн 4,14а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само поради твоето кажување, зашто самите чувме и знаеме дека Тој навистина е Спасителот на светот, Христос.“
Исус исцелува момче на умирање
(Мт 8,5-13; Лк 7,1-10)
43А по два дена, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. 44#Мт 13,57Зашто Самиот Исус беше посведочил дека пророкот во својот роден крај нема чест. 45#2,23Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот. 46#2,1-11И така, Исус повторно дојде во Кана Галилејска, каде беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чијшто син боледуваше во Капернаум. 47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. 48#Мудр 8,8; Мт 16,1-4; Мк 13,22; Дела 2,19; Рим 15,19; 1 Кор 1,22; Евр 2,4А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ 49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ 50#3 Цар 17,23; Мт 8,13; Мк 7,29А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. 51И уште додека слегуваше, го сретнаа неговите слуги и го известија, велејќи: „Твоето дете е живо!“ 52#Мт 8,14-15; Дела 28,8Тој, пак, ги запраша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ 53#1,50; 3,12; 20,29; Дела 11,14; 16,14-15.31Тогаш таткото сфати дека тоа е часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. 54#2,11Ова беше второто чудо што го изврши Исус кога пристигна од Јудеја во Галилеја.
Právě zvoleno:
Јован 4: MAK2023
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023