Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Јован 14

14
Исус е патот кон Отецот
1 # 14,27; 2 Мојс 14,31; 5 Мојс 1,21; 2 Лет 20,17.20; Мк 11,22 „Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. 2Во домот на Мојот Отец има многу живеалишта. А да немаше, зар ќе ви речев: ’Одам да ви приготвам место‘? 3#8,35; 12,26; 17,24; 5 Мојс 1,33; Фил 1,23; 1 Сол 4,17; Евр 6,19-20; Откр 22,17.20И ако заминам да ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. 4А каде одам Јас, знаете, и патот го знаете.“ 5#11,16; 13,36; 20,24-29Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ 6#1,4.14; 3,16; 10,9; 11,25; 18,37-38; Дела 9,2; Евр 10,20Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. 7#8,19; 12,45; 2 Кор 4,4Ако Ме бевте познавале, ќе Го поз­на­вавте и Мојот Отец. А отсега Го познавате и сте Го виделе.“ 8#1,43-44Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот и доволно ни е!“ 9#1,18; 12,45; 2 Мојс 33,11; Сир 4,14; Кол 1,15; Евр 1,3Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Оној што Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ’Покажи ни Го Отецот?‘ 10#12,49-50; 17,21Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; туку Отецот, Кој е во Мене, ги врши Своите делата. 11#10,37-38Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене; ако, пак, не, поради самите дела верувајте Ми. 12#7,33; 13,1; 14,28; Мт 21,21Вистина, вистина ви велам: оној што ве­рува во Мене и самиот ќе ги прави делата што ги правам Јас, и поголеми од нив ќе прави; зашто Јас одам кај Својот Отец; 13#15,7.16; 16,23-24.26; 17,1.5; Јк 1,5и што и да посакате во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. 14Ако нешто Ми побарате во Мое име, Јас ќе го направам.“
Ветување за Светиот Дух
15 # 15,10; 5 Мојс 6,4-9; Мудр 6,18; 1 Јн 5,3; 2 Јн 1,6 „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. 16#1,33; 15,26; 16,7.13И Јас ќе Го помолам Отецот и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека – 17#1,10; Мт 10,20; Рим 8,26; 1 Кор 2,12.14; 1 Јн 4,6; 2 Јн 1,1-2Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. 18#14,3.28Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. 19#7,33; 6,57; 16,16Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. 20#10,30.38; 17,11.21-23; Ис 2,17Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец, и вие сте во Ме­не, и Јас во вас. 21#16,27; 17,26; Изреки 8,17; Мудр 6,12.18; Сир 4,14Оној што ги има Моите заповеди и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, ќе биде возљубен од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам и Самиот ќе му се обја­вам.“ 22#7,4; Лк 6,16; Дела 1,3; 10,40-41; Јуда 1,1Му рече Јуда, не Искариотски: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се објавиш, а не на светот?“ 23#3 Цар 8,27; Ез 37,26-27; Зах 2,10; Изреки 8,17; 2 Кор 6,16; Ефес 3,17; Откр 3,20; 21,3Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази Моето слово; и Мојот Отец ќе го возљуби, и при него ќе дојдеме и кај него живеалиште ќе направиме. 24#7,16Оној што не Ме љуби, не ги пази Моите сло­ва; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Отецот што Ме прати. 25Ова ви го реков, додека сум со вас. 26#2,22; 16,13-15А Утешителот, пак, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ве потсети за сѐ што ви реков. 27#14,1-3; 16,33; 20,19.21; Ис 9,6; Зах 9,9-10; Рим 5,1; Ефес 2,14-18; Фил 4,7; 2 Сол 3,16Мир ви оставам; Својот мир ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се вознемирува вашето срце, ниту да стравува. 28#13,1; 20,17; Мк 13,32Чувте дека Јас ви реков: ’Зами­ну­вам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Да Ме љубевте, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Отецот, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. 29#13,19; 16,4И сега ви кажав, уште пред да се случи, та кога ќе се случи, да пове­рувате. 30#12,31; 16,11Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто доаѓа кнезот на светот и тој нема ништо во Мене. 31#6,38; 12,49; 15,10; Мт 26,46Но нека разбере светот дека Го љубам Отецот и како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете, да си оди­ме одовде!“

Právě zvoleno:

Јован 14: MAK2023

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas