Јован 10
10
За добриот пастир и за неговото стадо
1 #
Ез 34,2; Мк 6,34 „Вистина, вистина ви велам: оној што не влегува низ вратата во овчото трло, туку прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник; 2#Мих 2,12а оној што влегува низ вратата, тој е пастир на овците; 3#Пс 94,7нему вратарот му отвора и овците го слушаат неговиот глас, тој ги вика своите овци по име и ги изведува. 4#10,27И кога ќе ги изведе своите овци, оди пред нив, а овците врват по него, бидејќи го познаваат неговиот глас; 5а по туѓинец никако не врват, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“ 6#16,25Исус им ја кажа оваа парабола, но тие не разбраа што беше тоа што им говореше. 7#Пс 117,20Тогаш Исус повторно им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците. 8#Ер 23,1-2; Ез 34,2-3Сите што дојдоа пред Мене се крадци и разбојници; но овците не ги послушаа. 9#1 Мојс 28,17; Мт 7,13-14; 25,10; Лк 11,52Јас сум вратата; ако некој влезе низ Мене, ќе се спаси, и ќе влезе, и ќе излезе и пасиште ќе најде. 10Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. 11#15,13; Ис 40,11; Ез 34,15; 37,24; Пс 22,1; Мт 9,36; 18,12-14; 25,32; Евр 13,20; 1 Јн 3,16; Откр 7,17Јас сум добриот пастир. Добриот пастир си го полага животот за овците; 12#Ер 10,21; 23,1; Зах 11,17; Дела 20,29а наемникот, којшто не е пастир и не е стопан на овците, ако види дека доаѓа волк, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. 13Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. 14#10,27; 1 Кор 8,2-3; Гал 4,9; 2 Тим 2,19Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите и Моите Ме знаат Мене. 15#Мт 11,27Како што Отецот Ме познава Мене, така и Јас Го познавам Отецот; и Својот живот го полагам за овците. 16#11,52; 17,20; Ис 56,8; Ер 23,3; 31,10; Ез 34,23; Мих 2,12-13; Гал 3,28; 1 Птр 2,25И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат Мојот глас и ќе бидат едно стадо и еден пастир. 17#15,13; Фил 2,8-9; 1 Јн 3,16Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас Својот живот го полагам, за повторно да го примам. 18#1,4; 14,31; 15,10Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам, а имам власт и пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“ 19#7,43; 9,16И повторно настана расправија меѓу Јудејците поради овие зборови. 20#7,20; Мк 3,22; Дела 26,24Мнозина од нив велеа: „Демон има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“ 21#9,32; 2 Мојс 4,11Други велеа: „Ова не се зборови на демоноопседнат; може ли демон на слеп да му отвори очи?“
Свечена изјава и обвинување за хулење
22 #
1 Мак 4,36-59
Тогаш во Ерусалим беше празникот Обновување на храмот и беше зима. 23#Дела 3,11; 5,12Исус одеше по Соломоновиот трем од храмот. 24#8,25; Лк 22,67А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја мачиш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!“ 25#5,36; 10,38Исус им одговори: „Ви реков и не верувате. Делата што Јас ги вршам во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. 26#6,64; 8,45; Изреки 28,5; 1 Кор 2,14Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. 27#10,3-4Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие Ме следат 28#3,16; 6,39; 17,2.12; 18,9; Рим 8,33-39и Јас им давам вечен живот; и нема да загинат довека; и никој нема да ги грабне од Мојата рака. 29#17,24; Ис 43,13; 49,2Мојот Отец, Којшто Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. 30#1,1; 17,11.21Јас и Отецот сме едно.“ 31#8,59; 11,8А Јудејците повторно зедоа камења за да Го каменуваат. 32Исус им одговори: „Многу добри дела ви покажав од Мојот Отец; за кое од тие дела Ме каменувате?“ 33#5,18; 3 Мојс 24,16; Мт 9,3; Мк 14,64 Јудејците Му одговорија, велејќи: „Не Те каменуваме за добро дело, туку за богохулство, зашто Ти, иако си човек, се правиш Себеси Бог.“ 34#7,49; Пс 81,6; Рим 3,19; 1 Кор 8,5Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ’Јас реков: богови сте?‘ 35#Мт 5,18; Лк 16,17Ако Тој ги нарече богови оние кон кои беше упатено словото Божјо, а Писмото не може да се укине, 36#6,69; 17,17-19; Ер 1,5; Сир 49,7тогаш зошто на Оној, Кого Отецот Го освети и Го прати во светот, вие Му велите: ’Богохулиш?‘ Зар затоа што реков: ’Јас сум Син Божји‘? 37Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми; 38#2,11; 14,10-11; 17,21ако, пак, ги вршам, дури и да не Ми верувате Мене, на Моите дела поверувајте – за да разберете и да поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“ 39#7,30.44Тогаш повторно сакаа да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете 40#1,28; Мт 19,1и пак отиде отаде Јордан, на местото на кое порано Јован крштеваше, и остана таму. 41#1,29.34Мнозина дојдоа кај Него и говореа: „Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што Јован рече за Него, беше вистина.“ 42#7,31И таму мнозина поверуваа во Него.
Právě zvoleno:
Јован 10: MAK2023
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023