Матеј 11
11
ГЛАВА 11
1И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.
Крај на петокот, седмата сабота и пред Воздвижение
(Зачало 40)
2А Јован,#Понеделник од четвртата седмица по Педесетница: Во она време, Јован Ова и за Наоѓање на главата на Ј. Претеча, на литургијата откако чу, во затворот, за Христовите дела, испрати двајца свои ученици,
3и Му рече: – Ти ли си Оној што треба да дојде или друг да чекаме?
4Исус им одговори и рече: – Одете и кажете му на Јована што слушате и што гледате:
5слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Евангелието;
6и блажен е оној што не се соблазнува заради Мене.
7А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јована: – Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли што се лулее од ветерот?
8Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царските палати се.
9Но, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк.
10Зашто тој е за кого е напишано: „Ете, Јас го испраќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го подготви патот Твој пред Тебе“.
11Вистина ви велам: – Меѓу родените од жени не се јавил поголем од Јована Крстителот; ама најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12А од деновите на Јована Крстителот, па до сега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат.
13Зашто сите Пророци и Законот беа пророкувале до Јована.
14И, ако сакате да примите, тој е Илија, којшто ќе дојде.
15Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на понеделникот и на св. Јован
(Зачало 41)
16Асо#Вторник од четвртата седмица по Педесетница: Рече Господ: Со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по пазариштата, па им викаат на своите другари
17и велат: ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте.
18Зашто, дојде Јован, кој ниту јаде ниту пие, а велат: бес има.
19Дојде Синот Човечки, Којшто и јаде и пие, а велат: еве човек ненаситен и пијаница, пријател на цариниците и грешниците. И се оправда Премудроста од своите дела.
(Зачало 42)
20Тогаш почна#Среда од четвртата седмица по Педесетница: Во она време, почна Исус да ги укорува градовите, во кои се извршија најмногу Негови чуда, бидејќи не се покајаа.
Крај на вторникот
21Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чудата што станаа при вас, одамна тие би се покајале во кострет и пепел;
22но, ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден, отколку вам.
23И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе слезеш; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата, што станаа во тебе, тој и до ден-денеска ќе останеше.
24Но ви кажувам, дека на земјата содомска ќе ѝ биде полесно на Судниот ден, отколку на тебе.
25Во тоа време, продолжи Исус и рече: – Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на децата.
26Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.
Крај на средата
(Зачало 43)
27Сѐ#Четврток од четвртата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој, освен Синот; и кому што сака Синот да му открие.
28Дојдете при Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам;
29земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
30зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.
Крај на четвртокот
Právě zvoleno:
Матеј 11: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008