Лука 24
24
ГЛАВА 24
(Зачало 112)
1И во првиот ден по саботата, многу рано, тие дојдоа на гробот,#Евангелие четврто воскресно: Во она време, во првиот ден по саботата, дојдоа жените многу рано на гробот носејќи ги подготвените мириси, а заедно со нив беа и некои други;
2ама плочата на гробот ја најдоа превртена.
3И откако влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.
4И додека се чудеа на тоа, одеднаш застанаа пред нив двајца мажи во светли облеки;
5тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: – Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6Не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, кога беше уште во Галилеја,
7говорејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден во рацете на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.
8И се сетија на Неговите зборови.
9Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.
10А тие беа Марија Магдалина, и Јоана, и Марија Јаковова и други со нив, што им го кажаа тоа на апостолите.
11И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
(Зачало 113)
12Но, Петар стана и отиде#Вторник од Светлата седмица: Во она време, Петар стана и отиде (Ова и за петтото воскресно евангелие). бргу до гробот, и кога се наведна, ја виде внатре само плаштаницата и се врати, чудејќи се самиот во себе за она што се случило.
Крај на четвртото воскресно евангелие
13Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;
14и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.
15И кога разговараа и се прашуваа еден со друг, Самиот Исус им се приближи и одеше со нив;
16но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17А Он им рече: – Какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе, одејќи и зошто сте нажалени?
18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: – Само Ти ли си туѓинец во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?
19И ги праша: – Што? Тие Му одговорија: – Она што стана со Исуса Назареецот, Којшто беше пророк, силен на дело и слово, пред Бога и пред целиот народ;
20како нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
21а ние се надевавме, дека Овој е што требаше да го избави Израилот; но, и покрај сето тоа, денеска е веќе трети ден, откако стана ова.
22А и некои жени од нашите нѐ исплашија; тие биле рано на гробот,
23и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и им кажале дека Он е жив.
24Отидоа на гробот и некои од нашите и нашле исто така, како што рекоа жените; ама Него не Го виделе.
25Тогаш Он им рече: – О, безумни и тврди по срце, да верувате во сѐ што рекле пророците!
26Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?
27Па, откако почна од Мојсеја и од сите пророци, им говореше што е кажано за Него во целото Писмо.
28И тие се приближија до селото, во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи.
29Но тие Го задржаа, велејќи: – Остани со нас, оти денот измина и наскоро ќе се стемни. Он влезе и остана со нив.
30А кога седеше со нив на трпезата, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаваше;
31тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив.
32И си рекоа еден на друг: – Зар не гореа срцата наши кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?
33И во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив,
34коишто говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона.
35И тие им кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршуваше лебот.
Крај на вторникот и на петтото воскресно евангелие
(Зачало 114)
36Тие додека уште говореа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече:#Евангелие шесто воскресно: Во она време, кога воскресна Исус од мртвите, застана сред Своите ученици и им рече: (Ова и на Вознесение Христово, на литургијата). – Мир вам!
37А тие се збунија и така преплашени помислија дека гледаат дух,
38но Он им рече: – Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39Видете ги рацете Мои и нозете Мои: – Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а како што гледате, – Јас имам.
40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41Но, бидејќи тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Он им рече: – Имате ли овде нешто за јадење?
42Тие Му дадоа едно парче печена риба и мед со саќе.
43И кога зеде, јадеше пред нив.
44Па им рече: – Ете, тоа е за кое ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.
45Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,
46и им рече: – Така е напишано и така требаше да пострада Христос, и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите при сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48а вие сте сведоци за ова.
49И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветеното од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се облечете во сила одозгора.
50И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесуваше на небото;
52тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53И беа постојано во храмот, каде што Го славеа и благословуваа Бога. Амин!
Právě zvoleno:
Лука 24: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008