Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Лука 21

21
ГЛАВА 21
1Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во храмовата каса;
2виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
3и рече: – Вистина ви велам, оваа бедна вдовица пушти повеќе од сите;
4сите овие дадоа приноси на Бога од својот вишок; таа, пак, од немаштијата своја, даде сѐ што имаше, – целата својата живејачка.
Крај на саботата
(Зачало 104)
5И кога некои говореа за храмот,#Среда од 29-та седмица по Педесетница: Во она време, кога некои Му зборуваа на Исуса за храмот, дека е украсен со убави камења и приноси, Он рече:
6– Ќе дојдат дни и од сето ова што гледате, нема да остане ни камен на камен, сѐ ќе биде урнато.
7И Го прашаа, говорејќи: – Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот, дека ќе стане тоа?
Изостави во средата
(Зачало 105)
8Он рече:#Сабота од Месопусната седмица: Рече Господ: – Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе зборуваат оти сум Јас, и дека наближи времето. Но, не одете по нив.
9А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба да стане, ама сѐ уште не е крајот.
Изостави во саботата Читај во средата
10Тогаш им рече: – Ќе стане народ против народ и царство против царство;
11а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото.
Изостави во средата
(Зачало 106)
12Апред сето тоа,#Вторник од 29-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Чувајте се од луѓето; ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве во синагоги и во затвори, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име;
13а тоа ќе стане, – вам за сведоштво.
14И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате,
15зашто Јас ќе ви дадам уста и премудрост, на која не ќе можат да се противат и да одговорат сите ваши противници.
16Ќе бидете предадени, исто така, и од родители и од браќа, и од роднини и пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени;
17и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име;
18но, ни влакно од главата ваша нема да загине;
19со трпение спасувајте си ги душите.
Крај на вторникот Читај во средата
20А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте, дека наближило неговото запустување.
21Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
22зашто тоа се дни на одмазда, за да се изврши сѐ што е напишано.
23Но, тешко на бремените и на доилките во тие дни: зашто, голема неволја ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ;
24и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сѐ додека не завршат времињата на незнабошците.
Крај на средата Читај во саботата
25И ќе има знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите; а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
26луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небески ќе се разнишаат;
27и тогаш ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема.
Изостави во саботата
(Зачало 107)
28Акога ќе почне тоа да се случува, исправете се#Четврток од 29-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Исправете се и подигнете ги главите свои, зашто наближува вашето спасение.
29И им кажа парабола: – Погледајте ја смоквата и сите дрвја;
30кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу.
31Па така, кога ќе видите дека се случува ова, знајте дека се приближи царството Божјо.
32Вистина ви велам, нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни. Читај во саботата
33Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
Крај на четвртокот
34Но пазете се; вашите срца да не се оддадат на прејадување и пијанство, и грижи за овој свет, за да не ве затекне оној ден ненадејно;
35зашто тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја;
36бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки.
Крај на саботата
(Зачало 108)
37Дење Он проповедаше во храмот,#Петок од 29-та седмица по Педесетница: Во она време, Исус проповедаше дење во храмот а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората, наречена Маслинова.
38И сиот народ доаѓаше наутро при Него во храмот, за да Го слуша.

Právě zvoleno:

Лука 21: MK2008

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas