Јован 10
10
ГЛАВА 10
1Вистина,#На светителите, на утрената: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Вистина, вистина ви велам: – Кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, ајдук е и разбојник.
2а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;
3нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува.
4И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов;
5а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат.
6Оваа парабола им ја кажа Исус, ама тие не разбраа што сакаше да им каже со неа.
7Тогаш Исус пак им рече: – Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците.
8Сите, колку што дошле пред Мене, ајдуци се и разбојници; но, овците не ги послушаа.
(Зачало 36)
9Јас сум#На светителите, на литургијата: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде.
Крај на четвртокот и на светителите на утрената
10Ајдукот доаѓа само да украде, да убие и да погуби; Јас дојдов, за да имаат живот вечен и да имаат изобилие.
11Јас сум добриот Пастир; добриот пастир си ја полага душата своја за овците;
12а наемникот, кој не е пастир и кому овците не се негови, види ли волк да иде, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците.
13Наемникот бега, зашто е наемник, и не му е гајле за овците.
14Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене.
15Како Мене што Ме знае Отецот, така и Јас Го знам Отца; и душата Своја ја полагам за овците Свои.
16И други овци имам, кои не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; па ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден Пастир.
Крај на светителите
(Зачало 37)
17Затоа#Петок од петтата седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам, за пак да ја примам.
18Никој не Ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам пак да ја примам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.
19И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови.
20Мнозина од нив велеа: бес има и не е при Себе; зошто го слушате?
21Други велеа: ова не се зборови на бесен; може ли бесот да отвори очи на слепи?
22А беше тогаш во Ерусалим празникот#На осветување храм: Во она време беше празникот Обновување, и беше зима.
23И одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов.
24А Јудејците Го опколија и Му рекоа: – До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно?
25Исус им одговори: – Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
26Ама вие не верувате, оти не сте од Моите овци, како што ви реков.
(Зачало 38)
27Моите овци#Сабота од петтата седмица по Воскресение: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги знам; и тие одат по Мене,
28и Јас ќе им дадам живот вечен;
Крај на петокот и на осветување храм
и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги одземе од раката Моја.
29Мојот Отец, Којшто Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
30Јас и Отецот едно сме.
31А Јудејците повторно зедоа камења за да Го убијат.
32– Многу добри дела ви јавив од Мојот Отец; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?
33Му одговорија Јудејците, велејќи: – За добро дело камења не фрламе на Тебе, туку за хулење, оти Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.
34Исус им одговори: – Не е ли напишано во вашиот Закон: „Јас реков: богови сте“?
35Ако ги нарече богови оние, во кои беше словото Божјо, и не можеше да се урне Писмото,
36а на Оној ли, Кого што Го освети Отецот и испрати во светот, вие Му велите: хулиш на Бога, дека реков: Јас сум Син Божји?
37Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми;
38а ако, пак, ги вршам, макар Мене и да не Ми верувате, на де лата Мои верувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.
Крај на саботата
39Тогаш повторно сакаа да Го фатат, ама Он им се истргна од рацете нивни,
40и пак отиде преку Јордан, на она место, каде што Јован крштеваше; и остана таму.
41Мнозина дојдоа при Него и велеа: – Јован не направи ниедно чудо, ама сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.
42И мнозина таму поверуваа во Него.
Právě zvoleno:
Јован 10: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008