Битие 17
17
Аврам и Сара го добиваат името Авраам и Сара. Обрезување. Ветување за Исака.
1А кога Аврам имаше деведесет и девет години му се јави Господ на Аврама и му рече: »Јас сум Бог твој, оди пред Мене и биди непорочен!
2И ќе направам завет меѓу Мене и тебе, и многу, многу ќе те размножам.«
3Аврам падна ничкум. А Бог продолжи да му говори и му рече:
4»А ова е заветот Мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи.
5Затоа повеќе нема да се викаш Аврам, туку името ќе ти биде Авраам, оти ќе те направам татко на многу народи;
6и многу, многу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе излезат од тебе.
7И ќе поставам завет Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам заветот да биде вечен, ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.
8И ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која си придојден, целата земја Хананска во вечно владеење; и ќе им бидам нивни Бог.«
9И му рече Бог на Авраама: »Ти, пак, запази го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови!
10А ова е заветот Мој меѓу Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ќе го пазите: секое машко од вас нека биде обрезано.
11А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас.
12Секое машко дете кога ќе наполни осум дена по раѓањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ќе биде купен од странец, а не е од семето твое, со обрезание ќе се обреже робот од твојот дом и купениот.
13Да, и робот, роден во домот твој, и купениот мора да биде обрезан, и така Мојот завет над вашето тело ќе остане вечен.
14А необрезаното машко, на кое не ќе му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој.«
15И му рече уште Бог на Авраама: »А Сара, жената твоја, не ја викај повеќе Сара, туку името нека ѝ биде Сáра.
16И Јас, ќе ја благословам, и ќе ти дадам син од неа; ќе ја благословам, и народи ќе потекнуваат од неа, и цареви на народи ќе излезат од неа.«
17Тогаш падна Авраам ничкум и се насмеа, велејќи во себе: »Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Сáра во деведесетте години ќе роди?«
18И Авраам Му рече на Бога: »О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!«
19А Бог му рече на Авраама: »Навистина, Сáра, жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и да му бидам Бог на потомството негово по него.
20А и за Исмаила те послушав; еве, го благословувам, и ќе го направам плоден, и многу ќе го умножам, многу; и ќе роди дванесет кнезови, и од него ќе произлезе голем народ.
21А заветот Мој со Исака ќе го направам кога ќе ти го роди Сáра, догодина во ова време.«
22Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраама.
23Авраам, пак, го зеде Исмаила, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог.
24Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
25А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
26Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил,
27и со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, и робовите, родени во неговиот дом, а и купените од странци.
Právě zvoleno:
Битие 17: MK1990
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016