Матеј 6
6
За милостината
1 #
5,20; 23,5; Лк 16,14-15; Јн 5,44; 12,43 Внимавајте вашата милостина да не ја правите пред луѓето, само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата. 2#6,5.16; 15,7; 23,13-15; Амос 4,5И така, кога правиш милостина, не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат фалени од луѓето. Вистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 3А ти кога правиш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4#Пс 138,2-3.6за твојата милостина да биде во тајност; и тогаш, твојот Отец, што гледа во тајност, Самиот ќе те награди јавно.
За молитвата
5 #
6,2.16 И, кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да се молат стоејќи по синагогите и крстосниците за да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 6#4 Цар 4,33; Ис 26,20; Дан 6,10Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец што е во тајност; и твојот Отец што гледа во тајност, ќе те награди јавно. 7#3 Цар 18,27-29; Ис 1,15; Проп 5,1; Сир 7,14Кога се молите, не говорете многу, како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени. 8#Лк 12,30И така, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.
’Оче наш‘
(Лк 11,2-4)
9 #
7,11; 16,17; 23,9; 3 Мојс 22,32; Ис 63,16; Ез 28,22.25; 36,23; Изреки 30,8-9; Јн 12,28 Туку вие молете се вака:
Оче наш, Кој си на небесата,
да се свети името Твое;
10 #
3,2; 12,50; 19,24; 21,31.43; 26,39.42; Ез 36,27; Мк 1,15; Јн 3,3.5; 7,17; Рим 14,17; 1 Кор 4,20; Ефес 1,5.9; 1 Сол 2,12; 2 Сол 1,5; Откр 12,10 да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
11 #
Јн 6,32.35.48.50-51 лебот наш насушен дај ни го денес;
12 #
3 Цар 8,34; Сир 28,2; Мк 11,25 и прости ни ги долговите наши,
како што и ние им ги проштеваме на нашите должници;
13 #
4,1-10; 26,41; Ис 63,16; Јн 17,11.15; 1 Кор 10,13; 1 Сол 3,5; 2 Сол 3,3; 1 Тим 6,9; Јк 1,13-14; Откр 2,10 и не воведувај нѐ во искушение,
но избави нѐ од лукавиот;
зашто Твое е царството, и силата, и славата
во вечни векови. Амин!
14 #
18,24-35
#
Ефес 4,32; Кол 3,13 Бидејќи, ако им ги простите на луѓето нивните грешки, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. 15#18,35Ако, пак, не им ги простите грешките на луѓето, ниту вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки.
За постот
16 #
6,5; Дан 9,3; Јона 3,5; Дела 14,23 Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги изобличуваат лицата за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. 17А ти, кога постиш, помажи си ја главата и измиј си го лицето, 18#Ис 58,3па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, што е во тајност; и твојот Отец, што гледа во тајност, ќе те награди јавно.
За богатството на небото
(Лк 12,33-34)
19 #
24,43; Јов 22,24-26; Јк 5,2 Не собирајте си богатства на земјата, каде ги јадат молецот и 'рѓата, и каде крадците ги поткопуваат и крадат; 20#19,21; Кол 3,1-2; 1 Тим 6,19но собирајте си богатства на небото, каде ниту молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. 21Зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе ви биде и срцето.
Светлина за телото
(Лк 11,34-36)
22Окото е светило за телото. И така, ако ти е чисто окото, целото тело ќе ти биде светло; 23#20,15; Мк 7,21-23ако, пак, окото ти е лошо, целото тело ќе ти биде во темнина. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?!
Или Бог или Мамон
(Лк 16,13; 12,22-31)
24 #
19,21-26; Лк 16,9.13 Никој не може да им служи на двајца господари: зашто или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го возљуби; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите и на Бога и на Мамон.
За грижите
(Лк 12,22-31)
25 #
16,5-12; Пс 126,1-2; Фил 4,6; 1 Птр 5,7 Затоа ви велам: не грижете се за вашиот живот – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини животот повеќе од храната, и телото – од облеката? 26#10,31; Лк 12,7.24Погледнете ги небесните птици: ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, и вашиот Отец небесен ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? 28Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; 29#3 Цар 10но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава, не се облече како ниту еден од нив. 30#8,26; 14,31; 16,8; 17,20; Лк 12,28Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни!? 31Затоа, не грижете се и не говорете: ’што да јадеме, или што да пиеме‘, или ’во што да се облечеме?‘ 32#6,8; Лк 12,30Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека сето тоа ви е потребно. 33#Ис 51,1; Кол 3,1Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. 34#2 Мојс 16,4-5.19-20; Јк 4,13-14И затоа, не грижите се за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; доволно му е на денот неговото зло.“
دیاریکراوەکانی ئێستا:
Матеј 6: MAK2023
بەرچاوکردن
هاوبەشی بکە
لەبەرگرتنەوە
دەتەوێت هایلایتەکانت بپارێزرێت لەناو ئامێرەکانتدا> ? داخڵ ببە
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023