Матеј 2
2
ГЛАВА 2
(Зачало 3)
1Акога се роди#На литургијата на Рождество Христово: А кога се роди Ова и на шестиот час спроти Рождество Христово. Исус во Витлеем Јудејски во дните на царот Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа:
2Каде е новородениот Цар Јудејски? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.
3Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него.
4И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги прашуваше: – Каде ќе се роди Христос?
5А тие му рекоа: – Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6„И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал од Јудините владетелства; зашто од тебе ќе излезе водач што ќе го пасе Мојот народ Израилски“.
7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и дозна од нив за времето кога се појавила ѕвездата,
8па, испраќајќи ги во Витлеем, рече: – Отидете, распрашајте добро за Младенецот; и штом ќе Го најдете, јавете ми, за да отидам и јас да Му се поклонам.
9Тие, пак, откако го ислушаа царот, си заминаа. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на исток врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото, каде што беше Младенецот.
10А кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост.
11И влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а штом ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
12И кога примија во сон вест, да не се враќаат кај Ирода, си заминаа по друг пат, за својата земја.
Крај на литургијата и на шестиот час
(Зачало 4)
13А штом си отидоа тие,#На деветтиот час спроти Рождество Христово: А штом си отидоа мудреците Ова и на 26 декември, и во неделата по Рождество Христово и на Младенци. ете, ангел Господов му се јави на Јосифа во сон, говорејќи: – Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.
14И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
15И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа, преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Мојот Син“.
16Тогаш Ирод, кога виде дека е измамен од мудреците, се разгневи многу и испрати, та ги уби сите деца во Витлеем и по целата негова околија од две години и надолу, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:
18„Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема“.
19А по смртта на Ирода, ете, ангел Господов му се јави насон на Јосифа, во Египет,
20и му рече: – Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.
21Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојдоа во земјата израилева.
22Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се исплаши да отиде таму; и, откако доби вест насон тој замина во пределите галилејски.
23И кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека ќе се нарече Назареец.
Крај на неделата на Младенци и на деветтиот час
دیاریکراوەکانی ئێستا:
Матеј 2: MK2008
بەرچاوکردن
هاوبەشی بکە
لەبەرگرتنەوە
دەتەوێت هایلایتەکانت بپارێزرێت لەناو ئامێرەکانتدا> ? داخڵ ببە
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008