YouVersion Logo
Search Icon

Марко 10

10
За разводот
(Мт 19,1-12; Лк 16,18)
1 # 2,13 И откако стана оттаму, Исус отиде во јудејските краишта, отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој повторно ги поучуваше, како што Му беше обичајот. 2#Мт 16,1; 1 Кор 7,11И Му пристапија некои од фарисеите и Го пра­шаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е мажот да ја остави својата жена?“ 3А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“ 4#5 Мојс 24,1; Мт 5,31Тие рекоа: „Мојсеј допушти да ѝ се напише разводно писмо и да се остави.“ 5#3,5Исус им одговори и им рече: „Поради тврдокорноста на вашето срце ви ја напишал таа заповед. 6#1 Мојс 1,27; 5,2Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско. 7#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човек ќе ги остави својот татко и својата мајка и ќе се прилепи до својата жена 8и обајцата ќе бидат едно тело; и та­ка, тие веќе не се двајца, туку едно тело. 9А тоа што го соединил Бог, човек да не го разделува.“ 10И во куќата, Неговите ученици повторно Го прашаа за тоа. 11#Мт 5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11И им рече: „Оној што ќе ја остави сво­ја­та жена и ќе се ожени со друга, тој прави прељуба со неа; 12а и жена, ако го остави својот маж и се омажи за друг, прави прељуба.“
Исус ги благословува децата
(Мт 19,13-15; Лк 18,15-17)
13 # Лк 9,47 И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа. 14Но кога Исус го виде тоа, негодува­ше и им рече: „Оставете ги децата да доа­ѓа­ат кај Мене и не бранете им, зашто на такви е царството Божјо. 15#Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам, кој нема да го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него.“ 16И, откако ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Исус повикува еден богат човек
(Мт 19,16-30; Лк 18,18-30)
17 # 1,40 А кога излегуваше на пат, некој дотрча, падна на колена пред Него и Го праша: „Добар учителе, што треба да направам за да наследам вечен живот?“ 18#Пс 33,8 Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог! 19#7,10; 2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; 24,14; Сир 4,1Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не све­до­чи лажно, не наштетувај; почитувај ги својот татко и својата мајка.“ 20А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од својата мла­дост.“ 21#Мт 6,20; Лк 12,33А Исус, кога го погледна, го возљуби, па му рече: „Уште едно ти не­достасу­ва: оди, продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небо­то; па дојди, земи го крстот и врви по Мене“ 22Тој се натажи кога ги чу овие зборови, и си отиде нажален, бидејќи имаше многу имот. 23#4,19Исус погледна наоколу, па им рече на Своите ученици: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“ 24А учениците се уплашија од Неговите зборови. Но Исус повторно им рече: „Чеда, колку им е тешко да влезат во царството Божјо на оние што се надеваат на богатството! 25Полесно ѝ е на камила да мине низ иг­ле­ни уши, отколку на богат да влезе во царството Божјо.“ 26А тие многу се зачудија и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27#14,36; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6; Јов 42,2Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е неможно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“ 28И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и појдовме по Тебе.“ 29#1,1; 8,35А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца или ниви, за­ради Мене и заради благовестието, 30а да не примил, уште сега, во ова време, стопати повеќе куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца и нив­и, заедно со прогонувањата, а во идниот век – и вечен живот. 31#Мт 19,30; 20,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“
Исус по третпат ги најавува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 20,17-19; Лк 18,31-34)
32Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие се чудеа и одеа по Него со страв. И кога ги повика повторно дванаесеттемина, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. 33#8,31; Лк 24,7#Мт 8,20„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. 34И ќе Го исмеат, и ќе Го камшикуваат, и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат и во третиот ден ќе воскресне.“
Молбата на Зеведеевите синови
(Мт 20,20-28)
35 # Мт 4,21; Лк 9,54 Тогаш Му пристапија За­ве­деевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она што ќе Ти го побараме.“ 36#10,51Тој ги праша: „Што сакате да сто­рам за вас?“ 37#Мт 19,28; Лк 22,30А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а дру­ги­от одлево, во Твојата слава.“ 38#Ис 51,17-22; Ез 23,31-34; Пс 74,8; Лк 12,50Но Тој им рече: „Не знаете што ба­рате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крш­тевањето со кое се крштевам Јас?“ 39#Дела 12,2Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата што ја пијам Јас, ќе ја пиете, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите; 40но да се седи од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку тоа е за оние за кои е подготвено.“ 41Десетте, пак, штом го чуја тоа, не­годуваа против Јаков и Јован. 42#Лк 22,25Но Исус ги повика и им рече: „Зна­ете дека оние што важат за кнезови на народите, господарат над нив, и големците владеат над нив. 43#1 Кор 9,19Но меѓу вас нека не биде така; туку кој сака да биде големец меѓу вас, нека ви биде служител; 44и кој сака да биде прв меѓу вас, нека биде слуга на сите. 45#14,24; Ис 53,11-12; Мт 8,20; 1 Тим 2,5-6Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, туку да служи и да го да­де Својот живот за откуп на мнозина.“
Слепиот Вартимеј
(Мт 20,29-34; Лк 18,35-43)
46 # Лк 19,1 Потоа пристигнаа во Ерихон. И ко­га Исус излегуваше од Ерихон со Своите уче­ници и со многу народ, Тиме­евиот син, Вартимеј#10,46 Бар-Тимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше. 47#11,10; Мт 1,1; 9,27Па, кога чу дека е тоа Исус од На­зарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ 48И мнозина го укоруваа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Дави­дов, смилувај ми се!“ 49Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, велејќи му: „Биди храбар, стани, те вика!“ 50А тој ја фрли својата облека, стана и дојде кај Исус. 51#10,36А Исус, одговарајќи му, го за­пра­ша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Равуни!“ 52#5,34; Мт 9,22; Лк 7,50; 17,19; Дела 3,16А Исус му рече: „Оди си, твојата вера те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна по Исус по патот.

Currently Selected:

Марко 10: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in