YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 5

5
Беседата на гората
(Мк 3,13; Лк 6,12–13,20)
1 # 15,29-30; Јн 6,3 Кога го виде народот, Исус се искачи на гората. И, штом седна, Неговите ученици се приближија до Него. 2И, откако ја отвори Својата уста, ги по­учуваше, велејќи:
Блаженства
(Лк 6,20-26)
3 # 6,19; 10,9-10; 19,21-24; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 33,12; 34,19; Изреки 8,32.34; Мк 9,35; Лк 6,20; 1 Кор 1,26; 2 Кор 8,9; Откр 19,9 „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! 4#1 Мојс 13,15; Ис 61,2-3; Пс 36,11; 126,5Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! 5#11,29; 21,5Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! 6#6,1.33; Ис 51,1; Амос 8,11-12; Лк 6,21Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! 7#18,33; Јк 2,13Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! 8#2 Мојс 33,20; Пс 10,7; 24,4; Откр 22,4Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! 9#Изреки 12,20; Евр 12,14; Јк 3,18Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! 10#23,30-37; 2 Лет 36,16; 1 Птр 3,14Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно! 11#Лк 6,22-23#10,22; Сир 2,8; Дела 5,41; Фил 1,29; Кол 1,24; 1 Птр 4,14Блажени сте кога ќе ве срамат и прогонуваат, и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – поради Мене! 12Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
Сол и светлина
(Мк 9,50; Лк 14,34-35)
13 # 3 Мојс 2,13; 4 Мојс 18,19; Јов 6,6; Мк 9,50; Лк 14,34-35 Вие сте солта на земјата. Но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се осоли? Таа веќе не е за ништо, освен за да се фрли надвор и да се изгази од луѓето. 14#Јн 3,21; 8,12; Фил 2,15Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. 15#Мк 4,21; Лк 8,16; 11,33Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на светилник, и им свети на сите во домот. 16#1 Кор 10,31; Ефес 5,8-9; 1 Птр 2,12Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!
Исус и Законот
17 # 3,15; 7,12; 9,17; 13,52; 5 Мојс 4,1; Рим 3,31; 10,4 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги по­ниш­там, туку да ги исполнам. 18#Лк 16,17; 21,33Зашто, вистина ви велам: дури пос­то­јат небото и земјата, ниту една бук­вичка#5,18 Во оригиналниот текст: јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ! 19#3 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и така ќе ги научи луѓето, тој ќе се нарече велик во царството небесно. 20#18,3; 1 Мојс 15,6; Пс 68,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и на фарисеите, нема да влезете во царството небесно!
За гневот и помирувањето
(Мк 11,25; Лк 12,57-59)
21 # 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 Сте слушале дека на старите им било речено: ’Не убивај! А кој убие, ќе одговара пред судот.‘ 22#10,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на својот брат без причина, ќе одговара пред судот; а оној што ќе го нарече својот брат ’празноглав‘, ќе одговара пред Синедрионот; оној, пак, што ќе му рече: ’Будала‘, ќе одговара во огнениот пекол. 23#Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека твојот брат има нешто против тебе, 24остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со својот брат, а потоа дојди и принеси го својот дар. 25#Лк 12,58-59Измири се брзо со твојот противник, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на судскиот поданик, и да бидеш фрлен в затвор; 26#18,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го дадеш и последниот кодрант.
За прељубата и соблазната
(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)
27 # 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 Сте слушале дека е речено: ’Не прави прељуба!‘ 28А Јас ви велам дека секој што погледнува на жена со похота кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во своето срце. 29#18,6-9; Пс 123,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро е за тебе да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. 30#Мк 9,42И ако твојата десна рака те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто по­добро ти е да погине еден дел од твоето тело, от­колку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
За разводот
(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)
31 # 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 Уште било речено: ’Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘ 32#Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја наведува да прави прељуба; и ако некој се ожени со така оставена, тој прави прељуба.
За заклетвите
33 # 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 Сте слушале и дека на старите им било речено – ’Не колни се лажно, туку исполнувај ги своите заклетви пред Господа.‘ 34#Ис 66,1; Дела 7,49#Јк 5,12#23,22А Јас ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто е Божји престол; 35#Пс 47,1-2ниту во земјата, зашто е под­ножје на Неговите нозе; ниту во Еру­салим, зашто е град на великиот Цар. 36Не колни се ниту во својата глава, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно. 37#2 Кор 1,17-20Вашиот збор да биде: ’Да, да‘, или ’не, не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од злиот е.
За одмаздувањето
(Лк 6,29-30)
38 # 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 Сте слушале дека е речено: ’Око за око и заб за заб.‘ 39#Лк 6,29#2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот. 40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе туниката, дај му ја и на­метката. 41И ако некој те натера да одиш со него една милја, оди со него две. 42#5 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што сака да позајми од тебе.
Љубов кон непријателите
(Лк 6,27-28.32-36)
43 # 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 138,21; Лк 10,27; Јк 2,8 Сте слушале дека е речено: ’Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘ 44#2 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас ви велам: љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, 45за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој прави Неговото сонце да изгрева и врз лошите и врз добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните. 46#10,41-42; Лк 6,32Зашто ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Не го прават ли истото и даночниците? 47И, ако ги поздравувате само своите бра­ќа­, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? 48#3 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.

Currently Selected:

Матеј 5: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy