YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 27

27
Исус пред Пилат
(Мк 15,1; Лк 23,1-2; Јн 18,28-32)
1 # 12,14; Мк 3,6; 15,1; Лк 22,66 А кога се раздени, сите првосвеш­теници и старешини на народот напра­вија договор против Исус, за да Го убијат; 2#Лк 3,1; 23,1; Јн 18,28и, откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.
Самоубиството на Јуда
(Дела 1,18-19)
3 # 26,15 Тогаш Јуда, кој Го предаде, кога виде дека Исус е осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините, 4#27,24велејќи им: „Згрешив, зашто пре­дадов невина крв!“ А тие рекоа: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ 5#Зах 11,13Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси. 6Првосвештениците, пак, ги собраа сребрениците и рекоа: „Не треба да се стават во касата на храмот, бидејќи се цена за крв.“ 7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за погребување на странци. 8#Дела 1,19Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. 9#Ер 32,6-9; Зах 11,12-13#1,22Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија, кој вели: „И ги зедоа три­есетте сребреника, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израилевте синови, 10#Ер 18,2-3; 19,1-2; 32,6-15и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
Пилат Го сослушува Исус
(Мк 15,2-15; Лк 23,2-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
11 # 2,2; Јн 18,33.37 И Исус застана пред управникот. А управникот Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ 12#26,63И, кога Го обвинуваа првосвеш­те­ни­ците и старешините, Тој ништо не од­говараше. 13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведоштва имаат против Тебе?“ 14#Мк 14,61Но Тој не му одговори на ниту еден збор, така што управникот многу се чудеше. 15#Јн 18,39А на секој празник управ­ни­кот имаше обичај да му ослободува на народот по еден затвореник, кого тие ќе го побараа. 16Тогаш тие имаа еден прочуен зат­вореник, по име Варава. 17#1,16И, кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го ослободам: Варава или Исус, наречен Христос?“ 18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. 19#Јн 19,13; Дела 12,21А кога тој седеше на судскиот престол, жена му порача да му кажат: „Не прави Му ништо на Тој Праведник, заш­то денеска многу пострадав на сон поради Него.“ 20Но првосвештениците и стареши­ните го наговорија народот да го побара Варава, а Исус да Го погуби. 21#Јн 18,40Тогаш управникот им рече: „Кого од двајцата сакате да го ослободам?“ Тие одговорија: „Варава!“ 22#Дела 3,13; 13,28Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“ 23#Јн 19,6.15Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!“ 24#Дела 18,6#5 Мојс 21,6-8; Пс 25,6; 73,13; Јн 12,19Пилат, штом виде дека ништо не помага, туку, напротив, буната се зголемува, зеде во­да, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Пра­ведник; мислете му вие!“ 25#23,35; 2 Цар 1,13-16; Ер 26,15; 51,35; Дела 5,28И, одговарајќи, целиот народ, рече: „Неговата крв нека падне врз нас и врз нашите чеда!“ 26#10,17; 23,34Тогаш им го ослободи Варава, а Исус Го камшикуваше и Го пре­да­де да биде распнат.
Исусовите понижувања
(Мк 15,16-20; Лк 23,11; Јн 19,2-3)
27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во преторијата и ја собраа целата чета околу Него, 28па, откако Го соблекоа, Му облекоа скерлетна наметка; 29#Пс 21,7; 44,14исплетоа трнов венец, Му го ставија на главата и Му дадоа во десната рака трска; и, поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудеј­ски!“ 30#26,67; Ис 50,6И плукаа на Него, па ја зедоа трската и Го удираа по главата. 31А откако Го исмеаја, Му ја соблекоа скерлетната наметка, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
Исусовото распнување
(Мк 15,21-32; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
32 # Дела 2,10; 11,20 На излегување сретнаа еден Ки­ри­неец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот. 33#Јн 19,17И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепно Место, 34Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие. 35А штом Го распнаа, ги разделија Неговите алишта, фрлајќи ждрепка; 36па седеа таму и Го чуваа; 37и Му ставија над главата натпис со Неговата вина: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“ 38Со Него распнаа и двајца разбојници; едниот од десната, а другиот од левата страна. 39А минувачите Го хулеа, вртејќи ги своите глави 40#14,33; 26,61и велејќи: „Ти, што го уриваш храмот и за три дена го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, слези од крстот!“ 41#27,29Исто така и првосвештениците, потсмевајќи се заедно со книжниците, старешините и фарисе­ите, говореа: 42#Јн 1,49„Други спасуваше, а Себеси не може да се спаси! Ако е Цар на Израил, нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Него. 43#4,3.6; Пс 21,9; Мудр 2,13.18-20; Јн 1,34; 10,36Се надеваше на Бог, нека Го избави сега, ако Го сака, бидејќи говореше: ’Син Божји сум!‘“ 44Така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.
Исусовата смрт
(Мк 15,33-41; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
45 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9; Лк 23,44 А од шестиот#27,45 Околу 12 часот напладне. час настана темнина по целата земја до деветтиот час; 46#Пс 22,2а околу деветтиот#27,46 Околу 15 часот. час Исус извика со силен глас: „Или, Или, лима савахтани!?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“ 47#11,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ 48#Пс 68,21 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие. 49А останатите велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спа­си!“ 50А Исус повторно извика со силен глас и го испушти духот. 51#2 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И ете, завесата на хра­мот се расцепи на две, одгоре додолу; и земјата се затресе; и карпите се распукаа. 52#Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробовите се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; 53#Откр 21,2па, кога излегоа од гробовите, по Неговото воскресение, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина. 54#4,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него Го чуваа Исус, гледајќи го земјотресот и сѐ што се случи, многу се уплашија и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“ 55#Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, кои врвеа по Исус од Галилеја и Му служеа. 56#20,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Зеведеевите синови.
Исусовиот погреб
(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој, исто така, Му беше ученик на Исус; 58#5 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. 59#Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, го завитка во чисто платно 60#28,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во камен; па, откако навали голем камен на гробната врата, си отиде. 61#27,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалина и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Стражата на Исусовиот гроб
62 # Мк 15,42; Лк 23,54 Утредента, пак, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат 63#16,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ’По три дена ќе воскреснам!‘ 64#28,13; 2 Птр 2,20 Затоа нареди да се чува гробот до третиот ден, за да не отидат Неговите ученици ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ’Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ 65Пилат им рече: „Имате стража; одете и чувајте го како што знаете.“ 66Тие отидоа и со стража го чуваа гробот, а каменот го запечатија.

Currently Selected:

Матеј 27: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in