YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 25

25
Парабола за десетте девојки
1 # Лк 12,35-36 „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пресретнат младоженецот. 2Пет од нив беа мудри, а пет не­разумни. 3Неразумните ги зедоа своите светилки, но не понесоа со себе масло; 4а мудрите, заедно со своите светилки, зедоа во садовите и масло; 5#24,48; 2 Птр 3,9и, бидејќи младоженецот доцнеше, сите задремаа и заспаа. 6#Лк 17,34; 1 Сол 5,2А на полноќ се чу викање: ’Еве, младоженецот доаѓа, излезете да го пре­сретнете!‘ 7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. 8#Изреки 13,9А неразумните им рекоа на мудрите: ’Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ 9Мудрите им одговорија: ’Да не би да не ни биде доволно и нам и вам; по­добро одете кај продавачите и купете си!‘ 10#24,44; Откр 19,7.9А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и подготвените влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. 11#Лк 13,25Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ’Господаре, господаре, отвори ни!‘ 12#7,23; Лк 13,27А тој им одговори: ’Вистина ви велам: не ве познавам!‘ 13#24,36.42; Мк 13,33И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
Парабола за талантите
(Лк 19,11-27)
14 # Лк 19,12 „Зашто Тој ќе постапи како човекот кој, тргнувајќи на пат, ги повика своите слуги и им го предаде својот имот; 15и на едниот му даде пет таланта, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста; и веднаш замина. 16Оној што зеде пет таланта, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланта. 17Исто така и оној со двата, и тој спечали други два. 18А оној, што прими еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар. 19#18,23По долго време дојде господарот на овие слуги и побара да му поднесат сметка. 20И кога пристапи оној што беше примил пет таланта, донесе уште пет таланта и рече: ’Господаре, ти ми предаде пет таланта; ете, со нив спечалив уште пет.‘ 21#19,28; Лк 12,44; 16,10А неговиот господар му рече: ’Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘ 22Му пристапи и оној што беше при­мил два таланта и рече: ’Господаре, ти ми предаде два таланта, еве, со нив спечалив уште два таланта.‘ 23#Јн 15,11Господарот му рече: ’Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘ 24Му пристапи и оној што беше добил еден талант и рече: ’Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел, 25па се уплашив, и отидов и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ 26А господарот му одговори: ’Лукав и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум веел, 27требаше моите пари да им ги дадеш на оние што тргуваат со пари, па кога ќе дојдам, да си го приберам своето со добивка; 28затоа земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; 29#13,12; Лк 19,26зашто на секој, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; 30#8,12а бесполезниот слуга фрлете го во крајната темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“
Судниот ден
31 # 16,27; 19,28; Зах 14,5; Мк 8,38; Лк 9,26; Јуда 1,14 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава 32#13,49; Ез 34,17и ќе се соберат пред Него сите на­роди; па ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од козите, 33#22,44; Пс 109,1и овците ќе ги постави од Својата десна страна, а козите од левата. 34#Лк 22,30; Ефес 1,4Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот; 35#Ис 58,7; Јов 31,32; Лк 14,12-14; Дела 6,1-3зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме прибравте; 36#Лк 3,11; 2 Тим 1,16-18; Евр 13,3гол бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘ 37Тогаш праведниците во одговор ќе Му речат: ’Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? 38Кога Те видовме странец и Те прибравме, или гол и Те облековме? 39Кога Те видовме болен, или во затвор и дојдовме кај Тебе?‘ 40#10,40.42; 18,5; Изреки 19,17; Јн 20,17; Откр 11,15А Царот ќе им одговори: ’Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘ 41#7,23; 2 Сол 1,9; Јуда 1,7Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ’Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42#Јов 22,7Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; 43#10,14; Јов 22,6; Лк 9,53странец бев и не Ме прибравте; гол бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘ 44Тогаш и тие ќе Му одговорат: ’Господи, кога Те видовме гла­ден, или жеден, или странец, или гол, или болен, или во затвор – и не Ти послуживме?‘ 45Тогаш Тој ќе им одговори велејќи: ’Вистина ви велам, доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали, тогаш ниту за Мене не сте го направиле.‘ 46#Дан 12,2; Јн 5,29И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во вечен живот.“

Currently Selected:

Матеј 25: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in