YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 24

24
Навестување за разурнувањето на храмот во Ерусалим
(Мк 13,1-2; Лк 21,5-6)
1И, кога излезе Исус од храмот и си одеше, Му пријдоа Неговите ученици за да Му ги покажат градбите на храмот. 2#Лк 19,44А Исус им рече: „Не го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ниту камен на камен, кој нема да биде урнат.“
Неволи и прогонства
(Мк 13,3-13; Лк 21,7-19)
3 # 5,1; 10,23; 13,39; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,23; 2 Сол 2,1.8; Јк 5,7-8; 2 Птр 3,4.12; 1 Јн 2,28 И, кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“ 4#Ер 29,8; Откр 12,9А Исус, одговарајќи, им рече: „Пазете се да не ве прелаже некој; 5#Ер 14,14зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ’Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. 6#Дан 2,28Ќе слушате за војни и гласови за војни. Внимавајте да не се вознемирите, заш­то сето тоа треба да се случи; но тоа уште не е крајот. 7#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на некои места ќе има глад, помор и потреси; 8#Ис 13,8; Ос 13,13; Јн 16,21; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2а сето тоа е почеток на страдањата. 9#Јн 15,18Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. 10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; 11#7,15; 2 Птр 2,1многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 12#Лк 18,8; 2 Сол 2,3и бидејќи беззаконијата ќе се ум­ножат, кај мнозина љубовта ќе олади. 13#10,22.32Но кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. 14#26,13; 28,19; Мк 16,15; Рим 10,18И ова благовестие за царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
Големото запустување
(Мк 13,14-23; Лк 21,20-24)
15 # Дан 9,27; 11,31; 12,11; 1 Мак 1,54 „А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, изречена преку пророкот Даниил, како стои на светото место – кој чита нека разбере, 16тогаш оние во Јудеја, нека бегаат по планините; 17#Лк 17,31 кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа; 18#1 Мојс 19,26и кој е на нива, нека не се враќа назад за да си ги земе алиштата! 19#Лк 23,29Тешко на бремените и на доилките во тие денови! 20Затоа, молете се вашето бегање да не биде во зима, ниту во сабота; 21#Дан 12,1; Откр 7,14; 16,18зашто тогаш ќе настане голема мака, каква што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе има. 22И ако не се скратат оние денови, никој и ништо не би се спасило; но заради избраните ќе се скратат тие денови. 23#Лк 17,21.23Ако некој тогаш ви рече: ’Еве, овде е Христос‘ или ’таму е‘ – не верувајте! 24#5 Мојс 13,1-3; 2 Сол 2,3-4.9Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат голе­ми знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. 25Ете, однапред ви кажав. 26И така, ако ви речат: ’Ене, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ’еве, во скришните одаи е‘ – не верувајте! 27#8,20Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. 28#Јов 39,30; Лк 17,37; Јн 7,27Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“
Враќањето на Синот Човечки
(Мк 13,24-27; Лк 21,25-28)
29 # Ис 13,10; 34,4; Амос 8,9 „И веднаш, по маките на тие денови, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе паднат од небото и небесните сили ќе се разнишаат. 30#16,27; 26,64; 2 Мојс 19,16; 34,5; Зах 12,10-12; Дан 7,13; 7,14; Откр 1,7И тогаш ќе се појави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат тогаш сите земни племиња, и ќе Го видат Си­нот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава; 31#13,41; 5 Мојс 30,3-4; Неем 1,9; 1 Сол 4,16и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и тие ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
Споредба со смоквата
(Мк 13,28-31; Лк 21,29-33)
32„Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото. 33#Јк 5,9; Откр 3,20Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека Тој е близу, пред вратата. 34#10,23; 16,28; Ис 51,6Вистина ви велам: нема да помине ова поколение додека сето ова не се исполни. 35#5,18; Пс 101,26Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“
Денот и часот – непознати!
(Мк 13,32-37; Лк 17,26-30.34-36)
36 # Зах 14,7; Мк 13,32.35; Дела 1,7 „А за тој ден и час никој не знае, ниту небесните ангели, туку само Мојот Отец; 37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38#1 Мојс 7,7.13; 2 Птр 3,6зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до денот кога Ное влезе во ковчегот, 39#1 Сол 5,3и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. 40Тогаш ќе бидат двајца на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 41две жени ќе мелат на мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. 42#25,13; Лк 12,37.39-40; 1 Сол 5,1.6Затоа, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. 43#1 Сол 5,2.4; Откр 3,3Знајте го и ова: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. 44Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“
Верни и неверни слуги
(Лк 12,41-48)
45 # Пс 103,27; 105,21; Лк 12,42 „Кој е тој верен и мудар слуга, кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна навреме? 46Блажен е оној слуга, кого неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде да постапува така; 47#19,28; 25,21.23вистина ви велам дека него ќе го постави над целиот свој имот. 48#2 Птр 3,4Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето: ’Мојот господар уште долго време нема да дојде‘, 49па почне да ги тепа оние што слугуваат со него и да јаде и пие со пијаниците, 50#24,42господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува и во час што не го знае; 51#8,12па ќе го расече на две и ќе му даде удел со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“

Currently Selected:

Матеј 24: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in