YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 18

18
Кој е најголем?
(Мк 9,33-37; Лк 9,46-48)
1 # Лк 22,24 Во тој час учениците Му пристапија на Исус, велејќи: „Кој е најголем во царството небесно?“ 2#19,13-14И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив 3#5,20; Лк 18,17и рече: „Вистина ви велам, ако не се преобратите и не станете како деца, нема да влезете во царството небесно. 4#23,12Кој ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно. 5#10,40; Лк 9,48; Јн 13,20И кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
За соблазнувањата
(Мк 9,42-48; Лк 17,1-2)
6 # 5,29 „А кој ќе соблазни#18,6 Соблазнување значи наведување на грев. едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него би било подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина. 7Тешко на светот поради соблазните, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко на оној човек преку кого до­аѓа соблазната. 8#5,29-30; 7,14; 25,46Ако те соблазнува твојата рака или нога, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во жи­вотот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; 9и ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
Парабола за загубената овца
(Лк 15,3-7)
10 # Дела 12,15; Евр 1,14 „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на Мојот Отец небесен. 11#Лк 19,10; 1 Тим 1,15Зашто Синот Човечки дојде да го спаси загубеното. 12#Ез 34,16Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената? 13Па, ако ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени. 14#Јн 6,39Така, и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие мали.“
Ако ти згреши ближниот
15 # Лк 17,3; Гал 6,1 „Ако се огреши кон тебе твојот брат, отиди и укори го насамо; ако те послуша, си го придобил својот брат; 16#5 Мојс 19,15; Јн 8,17; 2 Кор 13,1; 1 Тим 5,19ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па од устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; 17#Рим 16,17; 1 Кор 5,11ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја по­слуша, тогаш тој нека ти биде како незнабожец и како даночник.“ 18#16,19; Јн 20,23„Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
Заедничка молитва
19 # 7,7; Јн 15,7.16; 1 Јн 3,22 Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата; 20#28,20; Јн 16,23зашто, каде двајца или тројца се собрани во Мое име, таму сум и Јас сре­де нив.“
Братско простување
(Лк 17,4)
21 # 6,12; Лк 17,4; 23,34 Тогаш Петар Му пристапи и рече: „Господи, колкупати да му простам на брат ми кога ќе се огреши кон мене? До седумпати ли?“ 22#5,39.44-45; 1 Мојс 4,24; Ефес 4,32; 1 Сол 5,15Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“
Парабола за немилосрдниот слуга
23 # 25,19 „Затоа царството небесно прилега на цар кој посака да ја расчисти сметката со своите слуги. 24Кога почна да ја расчистува, му доведоа еден што му должеше десет илјади таланти; 25па, бидејќи немаше со што да пла­ти, господарот нареди да ги продадат него, и жена му и децата, и сѐ што имаше, за да си наплати. 26Тогаш тој слуга падна ничкум и му се поклонуваше, говорејќи: ’Господаре, биди трпелив спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘ 27#Лк 7,42И господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот. 28Слугата, пак, штом излезе, најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ’Врати ми го она што ми го должиш!‘ 29Тогаш неговиот сослужител падна ничкум пред неговите нозе и го молеше, велејќи: ’Биди трпелив спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘ 30Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли в затвор, додека не му го ис­плати долгот. 31Другите негови сослужители, кога видоа што се случи, многу се натажија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи. 32Тогаш неговиот господар го повика и Му рече: ’Зол слуго! Јас ти го простив целиот долг, зашто ме молеше; 33не требаше ли и ти да се смилуваш над својот сослужител, како што се смилував и јас над тебе?‘ 34#Лк 12,58-59И се разгневи неговиот господар, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. 35#6,14-15; Мк 11,25; Лк 23,34; Кол 3,13Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на својот брат.“

Currently Selected:

Матеј 18: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in