YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 12

12
Прашања околу саботата
(Мк 2,23-28; Лк 6,1-5)
1 # 2 Мојс 20,8 Во тоа време, една сабота, Исус минуваше низ нивите, а Неговите ученици огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. 2#2 Мојс 34,21; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, Твоите ученици прават нешто што не е допуштено да се прави во сабота!“ 3#1 Цар 21,1-6А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога тој и оние што беа со него огладнаа? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку единствено свеш­те­ни­ците? 5Или, не сте читале ли во Законот дека во сабота свештениците во храмот ја нару­шуваат саботата и пак не се виновни? 6#12,41-42Но Јас ви велам дека тука е Оној што е поголем од храмот; 7#9,13; 1 Цар 15,22; Ос 6,6; Јн 5,16-17и, ако знаевте што значи: ’Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; 8#8,20Зашто Синот Човечки е господар на саботата.“
Исус лекува човек со исушена рака
(Мк 3,1-6; Лк 6,6-11)
9И штом замина оттаму, дојде во нивната синагога. 10#Лк 11,54; 20,20; Јн 8,6И ете, таму беше еден човек што имаше исушена рака. И, за да Го обви­нат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ 11#5 Мојс 22,4; Лк 14,5А Тој им рече: „Кој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, нема да ја земе и да ја извади? 12#6,26; 10,31; Јн 5,9; 9,14 Колку, пак, човекот е поскап од една овца!? Па така, во сабота е до­пуштено да се прави добро.“ 13Тогаш му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата. 14#27,1; Мк 11,18; Јн 5,16.18А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат.
Божјиот Избраник
15 # Мк 3,7-10; Лк 6,17-19 Но кога Исус разбра, замина оттаму. И по Него одеше многу народ и Тој ги излекува сите. 16И им забрани да разгласуваат за Него. 17#1,22За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: 18#Ис 42,1-4„Ете Го Мојот слуга; Него Го избрав, Мојот возљубен, Кој е по благо­во­лението на Мојата душа. Ќе Го положам Својот Дух над Него и на народите ќе им објави суд. 19Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе Неговиот глас по улиците. 20Прекршените трски нема да ги докрши, ниту фитилот што тлее ќе го угасне, додека не ја доведе правдата до победа. 21#Рим 15,12И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
Исус и Велзевул
(Мк 3,20-30; Лк 11,14-23)
22 # 8,29; 9,27-33 Тогаш доведоа кај Него еден опседнат од демони, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот проговори и прогледа. 23#1,1; Јн 4,29; 7,26И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, Синот Давидов?“ 24#9,34; 4 Цар 1,2; Мк 3,22; Јн 10,19-21А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Овој ги истерува демоните само преку Велзевул, началникот на демоните!“ 25#9,4Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, нема да опстане. 26И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како ќе опстане неговото царство? 27И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, вашите синови преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. 28#3,2.16; 8,29; Мк 1,15; Дела 10,38Ако, пак, Јас истерувам демони со Божјиот Дух, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 29#Ис 49,24-25; Мк 3,27; Јн 12,31Или, како може некој да влезе во куќата на силен човек и да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата? 30#13,30; Мк 9,40; Лк 9,50Оној што не е со Мене, против Мене е; и оној што не собира со Мене – растура. 31#2 Мојс 34,9; Мк 3,28-29; 1 Тим 1,13; 1 Јн 5,16Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да им се прости на луѓето. 32#8,20; Лк 12,10; Јн 8,21; Евр 6,4-6; 10,26-31И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости – ниту во овој век ниту во идниот“.
Според дрвото – и плодовите!
(Лк 6,43-45)
33 # Сир 27,6 # 7,16-20; Лк 6,44 „Или насадете добро дрво и плодот ќе му биде добар, или насадете лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото. 34#3,7; 15,18; 23,33; Лк 3,7Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте зли? Зашто устата зборува од она со што е преполнето срцето. 35Добриот човек од добрата ризница изнесува добрини, а злиот човек од злата ризница изнесува зло. 36#Изреки 10,14; Јк 2,20; 3,2.5-6И ви велам дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; 37#Лк 19,22зашто поради своите зборови ќе бидеш оправдан и поради своите зборови ќе бидеш осуден.“
Знакот на Јона
(Мт 16,1-4; Мк 8,11-12; Лк 11,29-32)
38 # 16,1; Суд 6,17; Јн 6,30; 1 Кор 1,22 Тогаш некои од книжниците и од фарисеите одговорија и рекоа: „Учи­те­ле, сакаме да видиме знак од Тебе!“ 39#16,4; 5 Мојс 32,5.20; Лк 11,29; Дела 2,40; Фил 2,15А Тој им одговори и рече: „Лукаво и прељуботворно поколение бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40#8,20; Јона 2,1зашто како што Јона беше во утробата на китот три дена и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дена и три ноќи. 41#Ез 3,6-7; Јона 3,5.8Ниневјаните ќе излезат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се по­кајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона. 42#12,6; 3 Цар 10,1-10.24; Јн 6,35И јужната царица ќе излезе на суд со ова поколение и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу по­голем од Соломон.“
За нечистите духови
(Лк 11,24-26)
43 # 8,29; Ис 13,21-22 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој, и не го наоѓа. 44Тогаш вели: ’Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘ И, штом ќе дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден. 45#Лк 8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и со себе доведува други седум духа, полоши од себе, и штом ќе влезат, ќе отседнат таму; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со ова зло поколение.“
Вистинското семејство на Исус
(Мк 3,31-35; Лк 8,19-21)
46 # 3 Мојс 10,4; 5 Мојс 33,9; Јн 7,3.5 И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и Неговите браќа стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него. 47Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ 48#Лк 2,49-50А Тој му одговори на оној што Му го кажа тоа, и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“ 49И, покажувајќи со рака кон Своите учени­ци, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа! 50#7,21; 8,21-22; 10,37; Лк 11,27-28#12,50 Параболи се приказните што ги кажувал Исус, како појаснување на Своите поуки.Зашто оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“

Currently Selected:

Матеј 12: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in