YouVersion Logo
Search Icon

Лука 2

2
Исусовото раѓање
1Во тие денови излезе заповед од цезарот Август да се попише сето население. 2Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. 3И одеа сите да се запишат, секој во својот град. 4#1,27; 1 Цар 16,1-13; Мих 5,1; Мт 2,1Па така и Јосиф од Галилеја, од гра­дот Назарет, отиде во Јудеја, во Давидовиот гра­д, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и од родот на Давид, 5#Мт 1,18.20; Мк 6,3за да се запише со својата свршеница Марија, која беше зачнала. 6А кога беа таму, се исполнија деновите за таа да роди, 7#2 Мојс 13,2.12.15; Мт 1,25; Рим 8,29; Кол 1,15; Откр 1,5 и Го роди својот првороден Син, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата. 8Во тој крај имаше пастири кои пре­стојуваа во полето и чуваа ноќна стража крај своето стадо. 9#24,26; Мт 1,20; Дела 12,7; 26,13И ете, ангел Господов застана меѓу нив и Господовата слава ги осветли; и многу се исплашија. 10#1,12-14А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви благовестам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; 11#1,47; 1 Цар 24,7; Ис 9,6; 45,1; Пс 26,1.9; 61,2.7; Мт 1,16.21; Јн 4,42; Дела 2,36; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 2 Птр 1,1.11; 1 Јн 4,14зашто денес во Давидовиот град ви се роди Спасител, Кој е Христос Гос­под. 12#1,18; 4 Цар 19,29; Ис 7,14; 38,7А ова ви е знакот: ќе најдете по­виено Дете, Кое лежи во јасли.“ 13#3 Цар 22,19; Пс 147,2И одеднаш со ангелот се јави мно­губројно небесно воинство, кое Го сла­веше Бога, велејќи: 14#3,22; 19,38; Ез 3,12; Пс 147,1; Мт 21,9; Ефес 2,14-17„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“ 15Кога ангелите си заминаа од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што се случило, како што ни со­оп­шти Господ.“ 16#Ис 1,3И брзо дојдоа и ги најдоа Марија и Јосиф со Детето Кое лежеше во јасли. 17А штом Го видоа, соопштија за сѐ што им беше речено за Тоа Дете. 18И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. 19#2,51А Марија ги запази сите тие збо­ро­ви, и размислуваше за нив во своето срце. 20#5,25-26; Дела 3,8-9И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што беа чуле и виделе, како што им беше речено. 21#1,31.59; 1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 1,21А кога се навршија осум дена и требаше да Го обрезат Де­тето, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнато во утробата.
Исусовото претставување во храмот
22 # 3 Мојс 12,2-8 И штом се навршија деновите за нив­ното очистување, според Мојсеевиот Закон, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ, 23#2 Мојс 13,2.12.15; 34,20; 4 Мојс 18,15-16како што е напишано во Господовиот Закон дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ; 24#3 Мојс 5,7; 12,8и да се принесе жртва, како што е речено во Господовиот Закон, две гугутки или две гулапчиња. 25#4 Мојс 11,17; Ис 11,2; 40,1; 42,1; 61,1-2; Ез 11,5А тогаш во Ерусалим имаше еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше Израилевата утеха; и Светиот Дух беше на него. 26#1 Цар 24,7.11; 2 Цар 1,14.16; Пс 88,48Нему му беше откриено од Светиот Дух дека нема да види смрт додека не Го види Христос Господов. 27И поттикнат од Духот, дојде во хра­мот. Па, кога родителите Го донесоа Де­тето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според Законот, 28#2,20тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: 29#1 Мојс 46,30„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твојот збор, 30#3,6; Ис 46,13; 52,10; Пс 97,3; Тит 2,11зашто моите очи го видоа спасението Твое 31#Пс 51,8што си го приготвил пред лицето на сите народи; 32#Ис 42,6; 46,13; Јн 8,12; Дела 13,47светлина за просвета на незна­бош­ците и слава на Твојот народ, Израил.“
Претскажувањето на Симеон
33А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што беше речено за Него. 34#7,23; 12,51-53; Ис 8,14; Ер 15,10; 1 Кор 1,23; 1 Птр 2,8Па Симеон ги благослови и ѝ рече на Неговата мајка Марија: „Еве, Овој е поставен за паѓање и за издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Ко­го ќе се говори. 35#16,15; Мк 7,6-8; Јн 19,25-27; Дела 1,24; 15,8А и тебе самата меч ќе ти ја пробо­де душата, за да се откријат мислите на многу срца.“
Пророчицата Ана
36 # Ис.Н. 19,24 Таму беше и пророчицата Ана, Фануиловата ќер­ка, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години по своето моминство. 37#Јудита 8,4-5Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се од­да­ле­чу­ва­ше од храмот, служејќи со пост и молитва дење и ноќе. 38#2,20; Ис 52,9Во тој час и таа пристапи и почна да Го слави Господ и им говореше за Него на сите што очекуваа избавување во Ерусалим.
Враќањето во Назарет
39 # Мт 2,23 И кога извршија сѐ според Господовиот Закон, се вратија во Галилеја, во својот град Назарет. 40#1,80; 2,52; 11,31; Суд 13,24; 1 Цар 2,26А Детето растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со мудрост; и Божјата благодат беше врз Него.
Дванаесетгодишниот Исус во храмот
41 # 22,1.7-15; 2 Мојс 12,24-27; 23,15; 5 Мојс 16,1-8.16; Јн 2,13.23 И секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим за празникот Пасха. 42А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според оби­чајот на празникот. 43Но кога завршија празничните денови, додека се враќаа дома, Детето Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа. 44Мислејќи дека Тој е меѓу сопатни­ците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. 45Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим за да Го бараат. 46По три дена Го најдоа во храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува. 47#4,22; Јн 7,15.46А сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од одговорите. 48#Мк 3,31-32Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко Ти и јас со голема болка Те баравме.“ 49#Пс 26,4; Јн 2,16А Тој им рече: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во она што е на Мојот Отец?“ 50Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа. 51#2,19И Тој слезе со нив, па дојде во На­зарет и им беше послушен. А мајка Му ги запази сите тие зборови во своето срце. 52#1,80; 2,40; 1 Цар 2,26; Изреки 3,4Исус, пак, напредуваше во мудроста, и во возраста и во милоста кај Бога и кај луѓето.

Currently Selected:

Лука 2: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in