YouVersion Logo
Search Icon

Дела 9

9
Савловото преобраќање
1А Савле, сѐ уште исполнет со застрашувања и убиства против Господовите ученици, дојде кај прво­свеш­те­ни­кот 2#8,3; 22,5; 1 Мак 15,15-24и побара од него писма за синагоги­те во Дамаск, па доколку таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим. 3#22,6; 15,8; Гал 1,12.15Но, додека, патувајќи, наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, 4и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ 5#Лк 10,16А тој одговори: „Кој си Ти, Го­спо­ди?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш. 6Но, стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ 7А луѓето кои го придружуваа, стоеја како занемени, зашто слушаа глас, а никого не гледаа. 8Савле стана од земјата и, иако очите му беа отворени, ништо не гледаше; и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. 9И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше. 10Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Гос­под му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“ 11Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот на Јуда побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој се моли, 12и во видение виде еден човек, по име Ананија, како му приоѓа и полага рака на него, за да прогледа“. 13А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Еру­салим; 14#Рим 10,12а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат Твоето име.“ 15#Ер 1,10; 1 Кор 1,2Но Господ му рече: „Оди, зашто тој Ми е избран сад, за да го изнесе Моето име пред народи и цареви и пред Израилевите синови. 16#15,26; 21,13Зашто Јас ќе му покажам колку тој треба да пострада заради Моето име.“ 17А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи своите раце на не­го, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ 18#Тов 11,13-15И одеднаш како лушпи да паднаа од неговите очи, и тој прогледа и, кога ста­на, се крсти.
Савле проповеда во Дамаск
19А откако зеде храна, Савле зак­репна. Потоа неколку дена остана со учениците во Дамаск; 20и веднаш по синагогите почна да проповеда дека Исус е Синот Божји. 21#9,14; Гал 1,13.23И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Еру­салим ги гонеше оние што го повикуваа тоа име, та затоа и овде дошол за да ги доведе таквите врзани пред првосвештениците?“ 22#18,28А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос. 23#20,3.19Кога поминаа доста денови, Јудеј­ци­те се договорија да го убијат. 24Но Савле дозна за нивниот заговор. А тие дење и ноќе ги надгледуваа градските порти за да го убијат. 25Затоа учениците го зедоа ноќе, го ставија во кошница и го спуштија по ѕидот.
Савле во Ерусалим
26А кога пристигна во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од не­го, бидејќи не веруваа дека тој е ученик. 27Но, Варнава го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господ, дека му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено проповедал во името на Исус. 28#Рим 15,19Оттогаш тој се движеше со нив во Ерусалим, и смело говореше во името на Господ Ису­с. 29А зборуваше и се препираше исто така и со Евреите што зборуваат грчки, кои се обидуваа да го убијат. 30Штом за тоа разбраа браќата, го од­ведоа во Кесарија и го испратија во Тарс. 31#2,47; 16,5А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во стравопочит кон Господ, и се умножуваше со утехата на Светиот Дух.
Оздравувањето на Енеј
32А кога Петар ги посетуваше сите, се случи да сле­зе и кај светиите што живееја во Лида. 33Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен. 34#3,6-7; Мк 2,11И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те ис­целува. Стани и самиот среди ја постелата!“ И тој веднаш ста­на. 35И сите што живееја во Ли­да и во Сарон го видоа, и се обратија кон Господ.
Воскресението на Тавита во Јопија
36Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи Срна; таа правеше многу добри дела и милостина. 37И токму во тие денови таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната соба. 38#Лк 8,41-42А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците, штом слушнаа дека Пе­тар е таму, испратија кај него двајца гласници да го замолат да дојде кај нив што побргу. 39Петар стана и тргна со нив. Кога пристигна, го одведоа во горната соба. И му пристапија сите вдовици, пла­чеј­ќи и покажувајќи му ги туниките и наметките што ги правела Срна додека беше со нив. 40#Мк 5,41Петар, откако ги истера сите надвор, клекна на колена, се помоли, па се сврте кон телото и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и гледајќи го Петар, седна. 41А тој ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива. 42И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ. 43А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој кожар Симон.

Currently Selected:

Дела 9: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in