Дела 7
7
Беседата на Стефан
1Тогаш првосвештеникот рече: „Точно ли е тоа?“ 2#Пс 28,3А тој одговори: „Луѓе, браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се насели во Харан, 3#1 Мојс 12,1; 12,5и му рече: ’Излези од твојата земја и од твојот род, па дојди во земјата што ќе ти ја покажам.‘ 4Тогаш тој излезе од Халдејската земја и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресели во оваа земја, во која вие сега живеете. 5#1 Мојс 12,7; 13,15; 15,18; 17,8; 24,7; 48,4И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде нему и на неговото потомство во посед, иако тој уште немаше дете. 6#1 Мојс 15,13-14; 2 Мојс 3,12И му рече Бог вака: ’Твоите потомци ќе бидат преселени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години. 7Но Jас‘, рече Бог ’ќе му судам на оној народ, кому ќе му робуваат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова место‘. 8#1 Мојс 17,16-27; 21,4И му го даде како завет обрезанието. Потоа од Авраам се роди Исак и тој го обреза во осмиот ден; од Исак се роди Јаков, од Јаков, пак, дванаесетте патријарси. 9#1 Мојс 37,11.28; 39,2.3.21.23Патријарсите му завидуваа на Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него, 10#1 Мојс 41,37-39и го избави од сите маки и му подари благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за началник над Египет и над целиот свој дом. 11#1 Мојс 41,54; 42,5Тогаш настана глад и голема мака по целата египетска и хананска земја, и нашите татковци не наоѓаа храна. 12#1 Мојс 42,1-2А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, најпрво таму ги прати нашите татковци. 13#1 Мојс 45,3-4; 45,16И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го запозна родот на Јосиф. 14#1 Мојс 45,9-11; 45,18-19; 46,27Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и целиот негов род – седумдесет и пет души. 15#1 Мојс 49,33И така Јаков слезе во Египет, и таму умреа тој и нашите татковци; 16и ги пренесоа во Сихем, и ги положија во гробот, што во Сихем Авраам го беше купил за сребро од синовите на Емор. 17Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето, 18#2 Мојс 1,8сѐ додека во Египет не завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф. 19#2 Мојс 1,10-11.22Тој лукаво постапи со нашиот народ, ги мачеше нашите татковци, присилувајќи ги да ги оставаат своите новороденчиња за да не преживеат. 20#2 Мојс 2,2; Евр 11,23Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше мил на Бога и три месеци беше хранет во куќата на својот татко. 21#2 Мојс 2,3-10А кога беше оставен, него го прибра фараоновата ќерка и го одгледа како свој син. 22И Мојсеј ја научи целата египетска мудрост и беше силен во зборови и во дела. 23А кога навршуваше четириесет години, му дојде при срце да ги посети своите браќа, Израилевите синови. 24#2 Мојс 2,11-12И кога виде дека еден од нив беше онеправдан, го заштити и се одмазди за измачуваниот, убивајќи го Египќанецот. 25Тој мислеше дека неговите браќа ќе согледаат дека Бог преку неговата рака им дава спасение, но тие не сфатија. 26#2 Мојс 2,13А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и сакајќи да ги помири, рече: ’Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘ 27#Лк 12,14Но оној што го онеправдуваше својот ближен, го оттурна од себе и му рече: ’Кој те поставил тебе да бидеш началник и судија над нас? 28#2 Мојс 2,14Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот?‘ 29#2 Мојс 2,15Поради тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во Мадијамската земја, каде што му се родија два сина. 30#2 Мојс 3,1-2И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен на една капина. 31#2 Мојс 3,4Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, дојде до него гласот Господов: 32#2 Мојс 3,6’Јас сум Бог на твоите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.‘ Мојсеј се растрепери и не смееше да погледа. 33#2 Мојс 3,5А Господ му рече: ’Собуј си ги обувките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја! 34#2 Мојс 3,7.8.10Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега дојди да те пратам во Египет!‘ 35#2 Мојс 2,14Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ’Кој те поставил тебе за началник и судија‘, него Бог преку раката на ангелот, кој му се јави во капината, го прати за началник и избавител. 36#2 Мојс 7,3; 14,21; 4 Мојс 14,33Тој ги изведе, правејќи чуда и знаци во египетската земја и во Црвеното Море и во пустината во тек на четириесет години. 37#3,22; 5 Мојс 18,15Тоа е истиот Мојсеј што им беше рекол на Израилевите синови: ’Господ, вашиот Бог, од вашите браќата ќе ви издигне Пророк како мене. Него послушајте Го!‘. 38#2 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пустината беше со ангелот кој му зборуваше на Синајската планина, како и со нашите татковци; тој прими животворни зборови за да ни ги предаде нам, 39#7,53; 4 Мојс 14,3и нему нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија и со своите срца се свртеа кон Египет, 40#2 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ’Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на овој Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘ 41#2 Мојс 32,4-6И во оние денови си направија лик на теле, и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце. 42#Амос 5,25-27#Ер 7,18; 8,2; 19,13Затоа Бог се одврати од нив и ги предаде да му служат на небесното воинство, како што е напишано во книгата на пророците: ’Доме Израилев, Ми принесовте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пустината? 43Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, кипови што ги направивте вие за да им се поклонувате: и затоа ќе ве преселам отаде Вавилон.‘ 44#2 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Скинијата на сведоштвото беше со нашите татковци во пустината, како што беше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел. 45#Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа нашите татковци ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, кои Бог ги изгони пред лицето на нашите татковци; и така беше сѐ до времето на Давид, 46#Пс 131,5кој најде благодат пред Бога и посака да најде живеалиште за Јакововиот Бог. 47#2 Цар 7,12-16; 3 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом. 48#17,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24Но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот; 49#Ис 66,1-2’Небото е Мојот престол, а земјата Ми е подножје. Каков дом ќе Ми изградите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка? 50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘ 51#2 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани во срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како вашите татковци, така и вие. 52#2 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Праведниот, чии предавници и убијци сега станавте и вие, 53#Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот преку ангелско служење, а не го одржавте.“
Каменувањето на Стефан
54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа на него. 55А Стефан, исполнет со Светиот Дух, погледна кон небото, ја виде Божјата слава и Исус како стои оддесно на Бога, 56#Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога.“ 57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија своите уши и еднодушно се нафрлија на него. 58#5 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од градот, го каменуваа; а сведоците ги оставија своите облеки пред нозете на едно момче, по име Савле. 59#Лк 23,46; Пс 30,5И додека фрлаа камења врз Стефан, тој се молеше и велеше: „Господи Исусе, прими го мојот дух!“ 60Па падна на колена, извика со силен глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.
Currently Selected:
Дела 7: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023