Дела 1
1
Предговор
1 #
Лк 1,1.3; 24,19 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, 2#Лк 24,51па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што ги беше избрал. 3#10,40-41; 13,31Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дена и зборувајќи им за царството Божјо. 4#Лк 24,42-43; 24,49Еднаш кога беа собрани заедно, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што го чувте од Мене: 5#11,16; Лк 3,16Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу денови од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“
Исус се вознесува на небото
6Тогаш, оние што беа собрани, Го прашаа велејќи: „Господи, сега ли ќе го востановиш Израилевото царство?“ 7А Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете годините или времињата што Отецот ги поставил во Своја власт; 8но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ 9#Лк 24,50-51И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Тој се подигна, и облак Го зеде од пред нивните очи. 10#Лк 24,4-6И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, ете, пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, 11#Лк 22,69и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте дека оди на небото.“
Избран нов апостол на местото на Јуда
12Тогаш тие се вратија во Ерусалим од гората, наречена Маслинова#1,12 Елеон., која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење#1,12 Околу 2 километри.. 13#Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната соба, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. 14#4,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа во постојана молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со Неговите браќа. 15И во тие денови Петар стана меѓу браќата, а се беа собрале околу сто и дваесет души, и рече: 16„Браќа, требаше да се исполни напишаното што Светиот Дух, преку устата на Давид, го беше претскажал за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исус, 17#Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба. 18#Мт 27,3-10Но тој од неправедната плата стекна нива и, откако се струполи, се расцепи по средината и се истури целата негова утроба. 19#Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим, така што таа нива на нивниот јазик се нарече Акелдама, што значи ’крвна нива‘. 20#Пс 68,25; Пс 108,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ’Нека запусти неговиот дом, и никој да не живее во него, неговата служба друг да ја прими.‘ 21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, 22почнувајќи од Јовановото крштевање па до денот кога се вознесе од нас, треба, заедно со нас, да биде сведок на Неговото воскресение.“ 23И така, определија двајца: Јосиф, наречен Варсава, а викан и Јуст, и Матиј; 24#15,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, 25#6,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда, за да си отиде на своето место.“ 26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.
Currently Selected:
Дела 1: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023