YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 8

8
1Кога Јагнето го отвори седмиот печат, на небото настапи полчасовен молк.
2Потоа забележав дека на седумте ангели што стоеја пред Бог им беа разделени седум труби.
3Во тој момент еден друг ангел, кој носеше златна кадилница, дојде и застана врз жртвеникот. Нему му беше дадено големо количество темјан да го принесе заедно со молитвите на Божјите луѓе, на златниот жртвеник, пред престолот.
4Тогаш од раката на ангелот се подигна дим од темјанот и од молитвите на Божјите луѓе и втаса до Бог.
5Потоа ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со жар од жртвеникот и го истури врз Земјата. Од тоа зататнеа грмотевици, болснаа молскавици, а Земјата почна да се тресе.
6Седумте ангели кои ги имаа седумте труби се подготвија да затрубат.
7Првиот ангел затруби и врз Земјата се истурија град и оган, измешани со крв! Од нив се запали една третина од Земјата и изгоре една третина од дрвјата и сето зеленило.
8Вториот ангел затруби и нешто како пламната гора беше фрлено во морето. Од тоа, една третина од морето се претвори во крв,
9една третина од живиот свет во морето изгина и една третина од бродовите потонаа.
10Третиот ангел затруби и од небото падна една голема ѕвезда. Таа гореше како факел и падна врз една третина од реките и изворите. Ѕвездата беше наречена Пелин
11и од неа стана горчлива една третина од водата за пиење. Голем број луѓе изумреа од горчливата вода.
12Четвртиот ангел затруби и една третина од Сонцето, една третина од Месечината и една третина од ѕвездите беа погодени и сите тие загубија по една третина од својата светлина. Така и една третина од денот и една третина од ноќта останаа без светлина.
13Во моето видение тогаш забележав еден орел како лета високо сред небото. Орелот громогласно извикуваше: „Тешко, тешко, тешко на жителите на Земјата од трубењето на следните тројца ангели!“

Currently Selected:

Откровение 8: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in