YouVersion Logo
Search Icon

Јаков 3

3
1Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.
2Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.
3На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме.
4Земете ги бродовите за пример. Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат.
5Така е и со јазикот. Мал орган е, но голема штета може да направи. Едно жарче може цела шума да запали!
6Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.
7Секое животно, било да е ѕвер, птица, влечуга или морско животно, се припитомува, или било припитомено од човекот,
8но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми. Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров.
9Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие.
10Од иста уста излегуваат и благослови и клетви. Треба ли, драги мои, така да биде!?
11Може ли од ист извор да извира и слатка и горчлива вода?
12Може ли, драги мои, смоквата да раѓа маслинки, а лозата смокви? Од солен извор не може да се црпи слатка вода!
13Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе? Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.
14Но ако вашите срца се полни со чемерна завист и себичност, немојте да се фалите и да се лажете дека сте мудри.
15Тоа не е небесна мудрост, туку овоземна, себична и демонска.
16Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.
17Небесната мудрост не прави чисти, мирољубиви, внимателни, чувствителни, да ги сакаме луѓето и да им помагаме, да бидеме непристрасни и нелицемерни.
18А миротворците ќе го сеат семето на мирот, и ќе жнеат плодови на праведност.

Currently Selected:

Јаков 3: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in