YouVersion Logo
Search Icon

Дела Ап. 8

8
1Савле го одобруваше убиството на Стефан. Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.
2Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сиот глас.
3Савле почна да ја уништува Црквата дом по дом. Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.
4Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.
5Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.
6Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше и ги гледаше чудата што тој ги правеше.
7Многу демонски духови со силен викот излегуваа од обземените и многу парализирани и сакати беа исцелени.
8Во градот завладеа голема радост.
9Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.
10Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - ,Голема сила‘.“
11Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови.
12Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.
13Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и од видливите докази што Филип ги правеше.
14Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.
15Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да Го примат Светиот Дух,
16бидејќи Тој се уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.
17Тогаш Петар и Јован се помолија, положувајќи ги рацете врз нив, и тие Го примија Светиот Дух.
18Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари
19и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да Го прими Светиот Дух!“
20Но Петар му одговори: „Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!
21Нема за тебе место, ти не можеш да учествуваш во оваа работа, зашто се покажа дека твоето срце не е праведно пред Бог!
22Затоа покај се што помисли таква зла работа и помоли Му се на Бог. Можеби ќе ти ја прости оваа нечесна намера,
23зашто гледам дека си полн со горчина и окован во стегите на гревот.“
24Тогаш Симон извика: „Молете Му се на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го спомнавте!“
25Откако Петар и Јован сведочеа и проповедаа за Господ, се вратија во Ерусалим. Патем ја проповедаа Радосната вест по многу села во Самарија низ кои поминуваа.
26Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“
27Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,
28па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.
29Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“
30Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“
31„Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.
32Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше
33понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“
34Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“
35Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.
36Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“
37(Филип рече: ,Ако веруваш со сето свое срце, можеш.‘ Евнухот одговори: ,Верувам дека Исус Христос е Божји Син.‘)
38Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.
39Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи патот.
40А Филип се појави во градот Азот. Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, се додека не стигна до Цезареја.

Currently Selected:

Дела Ап. 8: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy