2 Петар 1
1
1Од Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител.
2Ви посакувам се подобро да го запознавате Исуса, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде се поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.
3Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува се што ни е потребно за да живееме побожен живот. Тој не повика да ги примиме Неговата слава и добрина.
4Бог ни даде големи и скапоцени ветувања преку кои и вие можете да добиете божествена природа. Со неа ќе можете да им се противставите на вашите грешни страсти и да го избегнете погубното влијание на овој свет.
5Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте и добрина, на добрината додајте и знаење,
6на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте и трпеливост, на трпеливоста додајте и побожност,
7на побожноста додајте и љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.
8Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни.
9Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.
10Затоа, драги пријатели христијани, потрудете се да покажете дека Бог навистина ве повикал и ве одбрал. Правејќи го ова, никогаш нема да се сопнете и да паднете.
11Тогаш Бог широко ќе ви ги отвори портите на небото за да влезете во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам.
13Се додека сум во овој „шатор“, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам.
14Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите дни овде на Земјава се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор.
15Затоа ќе направам се што зависи од мене, та и по моето заминување вие да ги помните овие нешта.
16Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски! Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост!
17Тој прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него: „Ова е Мојот Син, Мојот Љубимец, со Него сум целосно задоволен.“
18Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.
19Тоа уште повеќе не увери во вистинитоста на она што го претскажуваа пророците. Затоа, добро ќе сторите ако на нивните пораки гледате како на светало што свети во темнината, се додека не осамне денот кога Христос, ѕвездата Деница, ќе болсне во вашите срца.
20Пред се треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава,
21бидејќи тие пророштва никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог.
Currently Selected:
2 Петар 1: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.