ЗАХАРИЈА 3
3
4. Видение: велесвештеник Исус
1Потоа ми го покажа Исуса, велесвештеникот, Кој стоеше пред Господовиот ангел, и сатаната, што му стоеше оддесно за да го обвинува. 2Господ му рече на сатаната: „Господ да те прекори сатано! Господ, Кој го избра Ерусалим, да те прекори! Не е ли Тој гламна извадена од оган?“ 3А Исус беше облечен во валкани облеки додека стоеше пред Господовиот ангел. 4Ангелот им се обрати на оние кои што стоеја пред него и им рече: „Соблечете ги од него тие валкани облеки!“ И му рече: „Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека!“ 5И продолжи: „Ставете му чиста капа на главата!“ Тие му ставија чиста капа на главата и го облекоа во скапоцена облека во присуство на Господовиот ангел. 6И Господовиот ангел го опомена Исуса: 7„Господ над Воинствата зборува вака:
Ако одиш по моите патишта и ако ги пазиш моите наредби, ти ќе бидеш управител во Мојот Дом, ќе ги чуваш Моите дворови и ќе ти дадам пристап меѓу оние кои стојат таму.
5. Божји Слуга - Подник
8И така, послушај Исусе, велесвештенику, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати! Еве, Јас ќе го доведам подникот, Мојот Слуга, и ќе ја отстранам нечесноста на оваа земја во еден ден. 9Зашто еве го каменот што го ставам пред Исуса; на тој камен се седум очи, и врз него ќе врежам натпис - слово е на Господа над Војските. 10Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе се повикувате еден друг под лозата и под смоквата.“
Currently Selected:
ЗАХАРИЈА 3: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.