YouVersion Logo
Search Icon

ЗАХАРИЈА 12

12
Б. Цар-Месија
1. Обнова и очистување на Ерусалим
а. Пораз на околни народи
1Пророштво. Господова беседа за Израел. Зборува Господ Кој ги оптегна небесата, ја основа земјата и му создаде дух на човекот во него: 2„Еве, ќе го направам Ерусалим опојна чаша за сите народи наоколу - за време на опсадата на Јуда и Ерусалим. 3Во оној ден ќе го направам Ерусалим тежок камен за сите народи: сите кои ќе го дигаат ќе се ранат тешко, а ќе се соберат против него сите народи на земјата. 4Во оној ден - говори Господ - ќе ги поразам сите коњи со страв, а нивните јавачи со безумност. Но над Јудиниот дом ќе ги отворам очите, а со слепило ќе ги поразам сите коњи и народите. 5Тогаш Јудините кнезови ќе речат во срцето: ‘Силата на Ерусалим е во Господа над Војските, нивниот Бог!’
б. Победа на Израел над сите непријатели
6Во оној ден ќе направам Јудините кнезови да бидат како жар вжарена на дрва, како запалена гламна сред снопови: и ќе ги голта оддесно и одлево сите народи наоколу. А Ерусалим ќе стои и натаму на своето место. 7Господ ќе ги спаси најнапред Јудините шатори за да не се издигнат над Јуда гордоста на Давидовиот дом и гордоста на Ерусалимците: 8Во оној ден Господ ќе ги закрили Ерусалимците: најслабиот меѓу нив ќе биде во оној ден како Давид, а Давидовиот дом ќе биде како Бог, како Господов ангел пред нив. 9Во оној ден ќе барам да ги уништам сите народи кои го нападнаа Ерусалим.
в. Излевање на дух на благост и на разнеженост
10А врз Давидовиот дом и врз Ерусалим ќе излеам милостив и молитвен дух. И ќе гледаат на Оној Кого го прободија; ќе тажат над Него како над единец; ќе го оплакуваат горко како првенец. 11Во оној ден ќе настане голем плач во Ерусалим, како плачот во Ададримон, во Мегидонската Рамница. 12И земјата ќе плаче; секое семејство насамо, и нивните жени насамо: семејството на Давидовиот дом насамо, и нивните жени насамо; семејството на Натановиот дом насамо, и нивните жени насамо; 13семејството на Левиевиот дом насамо, и нивните жени насамо; семејството Семеево насамо, и нивните жени насамо; 14и сите други семејства, секое семејство за себе, и нивните жени насамо.

Currently Selected:

ЗАХАРИЈА 12: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for ЗАХАРИЈА 12