YouVersion Logo
Search Icon

ТИТ 2

2
Должности на поединците
1А ти говори за она што се сложува со здравата наука: 2старците да бидат трезвени, чесни, разумни, здрави во верата, во љубовта, во трпението; 3исто така постарите жени да се владеат како што доликува на свети, да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, туку да бидат учителки за доброто, 4за да ги учат младите жени да ги љубат своите мажи и своите деца, 5да бидат разумни, чисти, добри домаќинки, покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото Слово.
6Исто така, опоменувај ги младите да бидат здраворазумни, 7давајќи се во сѐ себеси како пример за добри дела, во науката - нерасипаност, достоинство, 8здраво и беспрекорно слово, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас. 9Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат, 10да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра верност, та да ја украсуваат во сѐ науката на нашиот Спасител, Бога.
11Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, 12која нѐ воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век, 13очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сѐмоќен Бог и Спасител, Исус Христос, 14Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела.
15Зборувај го ова и опоменувај, и изобличувај со целосна власт. Никој да не те презира!

Currently Selected:

ТИТ 2: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in