YouVersion Logo
Search Icon

ОТКРОВЕНИЕ 16

16
1И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте ги седумте чаши на Божјиот гнев на земјата!“ 2И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик. 3И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето.
4И третиот ја излеа својата чаша во реките и во водните извори: и тие станаа крв. 5И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си бил, зашто пресуди така; 6зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, и крв им даде да пијат, тоа го заслужуваат!“ 7И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сѐмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!“
8И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги пали луѓето со оган. 9И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.
10И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на Ѕверот и царството му се помрачи и ги гризеа своите јазици од мака. 11И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела.
12И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето. 13И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби; 14имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сѐмоќниот. 15И ете, идам како крадец; блажен е оној, кој бдее и ги пази своите облеки, за да не оди гол и да не се гледа неговиот срам. 16И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон“ (Рид на Мегидо).
17И седмиот ја излеа својата чаша во воздухот: и од храмот излезе силен глас, од престолот, велејќи: „Се заврши!“ 18И настанаа молњи и гласови и громови, и настана голем земјотрес, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен. 19И големиот град се раздели на три дела, и градовите на народите паднаа. И големиот Вавилон се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со виното на Неговиот јаростен гнев. 20И сите острови побегнаа, и горите веќе не се наоѓаа. 21И голем град - тежок колку еден талант, падна од небото на луѓето, а луѓето Го похулија Бога, заради ова зло од градот, зашто неговото зло беше многу големо.

Currently Selected:

ОТКРОВЕНИЕ 16: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in