YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 98

98
Песна на Бога. На праведниот Судија на сета вселена
1. Песна за спасение
1Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. Неговата десница и Неговата света мишка Му извојуваа победа. 2Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите. 3Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.
2. Сите луѓе да Го фалат Господа
4Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј! 5Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење; 6со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа!
3. Сета природа да Го фали Господа
7Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители! 8Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив! 9Зашто Господ доаѓа, доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе ѝ суди на вселената по правда и на народите по правина.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 98: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in